период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 18.05.2017, 18:15

НИКОЛА ГРУЕВСКИ

Доколку Заев мрдне од гаранциите, ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира жестоко

 

Добро е што со здружени напори, напори на граѓаните кои што секојдневно 70-80 дена протестираа, напори на ВМРО-ДПМНЕ и на нашата пратеничка група, напори на претседателот на државата, со здружени напори успеавме да дојдеме до ситуација кога Зоран Заев беше принуден, ставен во ќош да потпише еден таков документ, како што никој досега кој што барал мандат од претседателот, ниту имало потреба, ниту се помислувало да има потреба да го потпише, но имајќи ги во предвид неговите ставови и ветувања, се покажа како неопходно.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски коментирајќи го потпишувањето на гаранциите на лидерот на СДСМ Зоран Заев кај претседателот Ѓорге Иванов, за доделување на мандатот за формирање Влада.

-Така што со потпишувањето се гарантира дека нема во иднина да се наруши унитарноста на државата и тоа е одлично, тоа е многу добро, затоа што тоа и беше главната цел, да се спречи разградување на унитарноста на Република Македонија, нешто што гледавме од изјавите и на самиот Заев и во Сараево и во други негови изјави, како и од изјавите на ДУИ, претставниците на ДУИ и на други партии од албанскиот блок, дека беше тргнато во тој правец, изјави Груевски.

Тој напомена и дека македонската јавност добро го познава Зоран Заев, дека не може да му се верува на зборот. Како што кажа Груевски, ВМРО-ДПМНЕ ќе остане со отворени очи и доколку Заев мрдне од патот за кој има потпишано гранации, тие ќе реагираат жестоко.

-Второ што е значајно да се каже е дека сепак, Зоран Заев македонската јавност добро го познава и сите ние знаеме дека претпладне знае да каже едно, попладне друго. На едно место да вети едно, на друго место друго. Треба да останеме со отворени очи и доколку измрда, тргне кон друг пат, различен од оној за кој вчера даде гаранции и ветувања, ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира жестоко во склад на демократските можности и ќе се спротистави, а верувам дека тоа и сите други ќе го направат тоа. Така што, заклучокот е дека е одлично што дојде во ситуација да мора да го потпише ова и да го прочита пред сите граѓани, а исто така важно е да продлжиме да ја следиме ситуација за да не дојде до застранување повторно од овој правец, изјави Груевски.

Груевски кажа дека се што се случувало во изминатиов период, немало да се случи, доколку Заев преку разни комбинаторики и ветувања за остварување на Тиранската платформа. Многу непријатности ќе беа избегнати доколку Заев ја прифатеше понудата на победничката партија на изборите ВМРО-ДПМНЕ. Тој напомена и дека партијата има план и дека имаат подготвени чекори за понатака.

#



Останати вести
Александар јавал кон Перион поздравуван од македонскиот гарнизон на Хераклеја
Потпишан Договорот за изградба на клиничкиот центар во Скопје
На хартија мед и млеко, во пракса економската програма зависи од многу фактори
Проект со најголемо значење за македонското здравство
Тинејџер без возачка со автомобил покосил жена на тротоар
Се обидел да ја спаси колешката, па го проболе со нож во стомакот
СДСМ и Беса не сакаат да слушнат за амнестија, другите молчат
Трамп е убеден дека специјалниот советник нема да најде ништо во истрагата за врските со Русија
Фиорентина прва тргна по Несторвски со 10 милиони евра
Нападнатите новинари на А1он повикани во ОЈО да дадат исказ
Награда за музеј на годината за Спомен-куќата на Татарчеви
СЈО поднесе жалба на одлуката за Сеад Кочан
Сериски крадец осуден на две и пол години затвор
Миленковски: Битола заслужи по 16 години да се радува на трофеј
Иванов од утре во Јордан
Моника Белучи страсно љуби на сцена
Ахмети бара осум, Заев дава пет министерства
Новиот македонски филм за тројца бездомници премиерно во театарот „Џинот“
Графичкото мајсторство на светски познатиот скулптор Иван Мештровиќ за „Европската ноќ на музеите“
Кривична пријава за учесник во инцидентите во Собранието кој насилно ја отворал вратата
Ќе го убијам ако Методи зел пари од кралот за да стане Србин
Почнуваат преговорите за нова влада, денеска средба Заев – Ахмети
Прекинат филм на Канскиот фестивал
Го бодел со нож зетот во болница
Kарпош соколи се враќа во „Јане Сандански“ да направи брејк
Најавени нови искачувања на младиот неготински планинар
Рама и Баша се договорија - избори на 25 јуни?
Јунска трка за 35.000 места
Крис Корнел се самоубил
Откриена мистеријата за насукано морско суштество во Индонезија
Кучињата може да "зборуваат" со луѓето

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Zoran V., 18.05.2017 18:35:57
Ma, sosema sigurno ZESTOKO CE POCNAT DA PLACAT. Sto drugo. VMRO samo prodava magla i se obiduva da gi PRIKRIE kapitulacijata i svoeto ucestvo vo rasturanjeto na Makedonija. Go zabole Ali Zaev za prikaskite na VMRO. Sega ostana samo na Gospod i na Za Makedonija da ja branat Makedonija.
Nicii, 18.05.2017 19:02:57
Silna podrska za VMRO i Pretsedatelot Gruevski. Vo edna prilika pisuvav:ponekogas znae mudro da premolci vo interes na MAKEDONIJA,covek so vizija.
Илија, 18.05.2017 21:26:05
Многу грешите кога му верувате на еден двојно аболициран криминалец. Тој се` ќе потпиши, бидејќи веќе ги турнал и пантолоните и гаќите пред неготе 3 коалициони партнери. Се извинува, на израз, ама тие ќе го дупат како што сакаат. Да бев на нивно место, ќе му ги ветив гласовите на изборите и ќе имаше 69 пратеника и апсолутно право да биде премиер и јавноста немаше да знае ни за платформа ни за ништо. А, тој ќе си ги исполнуваше ветувањата. Сега се излезе на видело и доцна е за спасение. Остајте го да си ги сполни ветувањата, со спуштени пантолони гаќи. Само немојте да седите во Собранието и да му двате легитимитет. Може би ќе бидете назијан, оти Т.Џафери може да ни ви дава плата. Па и вие придонесете нешто за светлата иднина.
коста, 19.05.2017 08:47:40
Жестоко ќе реагирате? Престанете да го замајувате чесниот македонски народ со важите „жестоки“ реакции, зашто единствени ваши жестоки реакции беа кога требаше да се апсат луѓето кои реагираа патриотски во Собранието, заради одбрана на Македонија. Вашата „жестокост“ е само кога треба да се зачуваат исклучиво вашите лични интереси. ВМРО се претвори во партија која не можам веќе да ја разликувам од ЛДП или НСДП. Од позадина го с‘скавте народот кој чесно 80 дена ја бранеше Македонија, па после, за да се додворите на странските амбасади, први му го завртевте грбот!
Kurosawa, 19.05.2017 09:14:20
Da,da,ke reagira od zatvor. Ajde ostavka site da si dadete od CK i IK na VRMO-DPMNE.
Најнови вести