период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Актуелно
Датум: 19.04.2017, 16:34

Заев се сретна со амбасадорите на Германија, Британија, Холандија, Шведска и Ирска

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорите на Р.Германија, Кристине Д.Алтхаузер, на Обединетото Кралство на Велика Британија и северна Ирска, Чарлс Гарет, на Кралството Шведска, Матс Стафансон и со амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп.

Констатирано е дека Република Македонија мора да ги продолжи демократските процеси со што ќе осигура стабилна иднина за своите граѓани.

-Парламентарното мнозинство од 67 пратеници е подготвено да ја реализира граѓанската волја за промени, изразена на изборите на 11 декември. Чекорите што следуваат во брзо време се избор на нов собраниски претседател и нова реформска Влада, според Деловникот на Собранието, Уставот на Р.Македонија и законите, рече претседателот Заев.

На средбата се разговараше за потребата сите политички субјекти во државата, институции и поединци да ги имаат предвид одговорноста што ја имаат да го овозможат овој процес, како и последиците од евентуалното противуставно однесување на штета на државните интереси.

-Неопходно е Трајко Велјаноски и Ѓорге Иванов да постапат според мнозинската волја на граѓаните, и опозицијата, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да овозможат мирен трасфер на власта, рече претседателот Заев.

Оценето е дека излез од кризата е спроведување на итните реформски приоритети во Македонија, што ќе ги одблокираат евро-атлантските перспективи, а тоа ќе обезбеди квалитетен живот за сите граѓани, раст на економијата и животниот стандард и развој на државата.

#



Останати вести
Вучиќ: Изразувањето на лични желби не придонесува за добри односи
Убиецот од Фресно мразел белци и мислел дека е во војна
Извршната директорка на Централниот регистар на хартии од вредност поднесе оставка
ММФ ја намали прогнозата на економски раст од 3,5 на 3,2 % за годинава

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
TRT, 19.04.2017 19:43:43
Zaev moze se da kaze, no jazeto ne mu bega, a ambasadorite ja znaat situacijata so tiranskata platforma i seuste ne ja osuduvaat, a so toa mu pomagaat na Zaev, no ako prodolzat taka treba vednas da ja napustat Makedonija.
строиник, 20.04.2017 00:12:49
А заев во својство на италијански амбасадор се сртенал со колегите му ???..така ?!? Инаку, ако по некоја случајност вмро ги предадеше националните интереси како што тролаа на фејсбук наjзомбираните шареносоросoидни интелектуалци, и тоа на учк-урите стари добри пријатели и партнери во криминал--ДУИ, како што глаголеа сдс-овските тупаници, како ли тогаш црпнатиот ќе се справеше со волјата на граѓаните ??? Тоа што денес дуи им се најголеми херои, нема везе, тоа што црпнатиот ги мафта ко мивки нема везе и прашање дали серизни ги боли за нац инт...---да имаше предизборна коалиција со дуи, сеља, беса и таа коалиција да добиеше макар и еден пратеник повеќе од вмро, па дури и да не беше со над 60 пратенци сето тоа изразено, тогаш ,да, заев со тие негови коалициони би бил победник, и граѓаните од дадениот избор на сите 2 3 пет петсто коалции, одлучиле дека таа неговта за милиметар е подобра од другите, НО НЕ БЕШЕ И НЕ Е ТАКА....Ниту во Холандија
Dimitar Makedonski, 20.04.2017 01:05:39
Zaev najubavo da izleze na ulica i so narodot da zbori.
Најнови вести