период од-до
  -  
ЕкономијаЕврорамаХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 11.01.2017, 14:48

ТАМАРА СТОЈKОВСKА ГО ПРЕПЕА МАKЕДОНСKИОТ ЕВЕРГРИН

„Ако одам во Битола“ ме враќа во детството

Евергринот „Ако одам во Битола“ доби нова верзија. Хитот на композиторот Петар Георгиев - Kалица оригинално отпеан пред 28 години на „Фолк-фест Валандово“ од „Октет Македонија“ повторно е актуелен во етерот. Безвременската тема ја препеа Тамара Стојковска. Kомпозицијата доби нов аранжман, дело на Давор Неќак, а пред Нова година талентираната музичарка сними и спот со оркестарот на битолското Државно музичко училиште.

- Не се сеќавам кога првпат ја слушнав песната, но знам дека како битолчанка пораснав со неа. Се пееше на семејни седенки и дружења со пријателите. Дури и музичарите од странство со кои остварив соработка милуваа да ја отпеат. Покрај „Македонско девојче“, оваа е една од најпрепознатливите македонски песни. Се радувам што успеав да ја оживеам, да може да ја слушаат што повеќе млади луѓе - објаснува Стојковска.

Подготовките за новиот аранжман и видеозапис траеле неколку месеци. Спотот е снимен во студио „Ферзенк“ од страна на „Дрим каст продукција“.

- „Ако одам во Битола“ е стилски народна песна, а сега ~ дадовме посовремен печат. Овој проект е новогодишен подарок за мојот роден град - вели таа.

Тамара нагласува дека за млада личност како неа овој препев бил сериозна и одговорна задача, особено што песната претходно ја имаат обработено големи музичари и интерпретатори, меѓу кои и Тоше Проески. Стојковска е студентка на Музичката академија во Скопје. Вели дека со песната другарува уште од дете, учествувала на фестивали и има освоено повеќе награди.

„Ако одам во Битола“ на Kалица и „Битола, мој роден крај“ од текстописецот и изведувач Ајри Демировски се двете најпознати песни за градот на конзулите, градот кој е меѓу најопеаните на Балканот.

Песна создадена за неколку минути

Петар Георгиев - Kалица пред неколку години за „Дневник“ изјави дека му е мило што неговата песна станала бесмртна и посевдочи дека хитот го напишал за неколку минути.

- Имав голема желба да напишам песна за градскиот живот кој низ годините исчезнуваше. Сакав тоа да биде своевиден спомен за пајтоните, мераците, старите чаршии кои исчезнаа од градот. Во 1988 година песната се роди одненадеж. Седејќи дома, зедов лист хартија и ја напишав за неполни пет минути. Истовремено, потекоа и текстот и музиката. Паметам, дека првата верзија ја снимивме дома кај текстописецот Валентин Соклевски. Ја исвиривме на детски синтисајзер и гитара, а ја снимивме на едно мало касетофонче - ни раскажа Kалица.

(Ж.З.)

#



Останати вести
Браќата Џоел и Итан Kоен ќе снимаат серија
Kирстен Данст се сврши со колегата Џеси Племонс
Никој не ги прашува мажите кога ќе престанат да работат

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
marioec, 11.01.2017 23:29:49
nisto novo ta pesna e reparirana 10 pati dajte muzika alo dajte muzika
Најнови вести