период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Омнибус
Датум: 20.03.2017, 11:45

Чак Бери замина во вечноста

Почина Чак Бери, еден од основачите на рокенрол музиката. Полицијата во Мисури добила повик од неговиот дом и го пронашла без знаци на живот. 90-годишниот музичар директно влијаеше на музиката на „Битлс“, „Ролинг стоунс“ и „Бич бојс“Беше еден од првите музичари примени во Рокенрол салата на славните.

Во 1984 година доби Греми за животно дело. Негови најпознати хитови се „Џони Би Гуд“, „Рокенрол музика“, „Назад во САД“, „Мемфис, Тенеси“ и „Мејбилин“. Особено хитот „Џони Би Гуд“ е песна која најмногу е користена во филмовите, а во 1977 година токму овој хит е вметнат во вселенската сонда „Војаџер“ како порака од Земјаните за можните вонземјани. Овој хит од 1958 година, повторно доживеа неколку преработки, благодарение на филмот на Стивен Спилберг „Враќање во иднината“ од 1985, во кој Мајкл Џ. Фокс го изведува овој хит во 1955 година на матурската прослава на неговите родители, три години пред хитот да биде создаден.

Роден е како Чарлс Едвард Андерсон Бери во 1926 година, а професионалната кариера ја започнал на 26 години. Се смета за еден од татковците на рокенролот и еден од најдобрите гитаристи, беше препознатлив по посебниот сценски настап и стилот на свирење гитара секогаш проследен со импровизации во стилот и начинот на изведувањето. Беше музичар кој не сакаше строго да се држи до сценските перформанси, едноставно за секој настап измислуваше сопствен стил.

#



Останати вести
Дивиот лук e одличен и како храна и како лек
Припадниците на народот Тсимани имаат најздрави срца во светот
Истрчала седум маратони, на седум континенти, во седум дена
Хуманитарна трка за децата со Даунов синдром
Дeнеска е Светски ден на среќата
Евреите во војската на Хитлер

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести