период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 27.03.2017, 14:19

ПРИРОДНА НЕГА

Маслиново масло за мазна кожа и сјајна коса

Ниските температури и ветрот, но и сувиот воздух во затворените простории што се греат ја сушат кожата. На пазарот постојат многубројни препарати што на кожата ~ даваат посебна хидратација, а еден од нив се користел уште од дамнина. Се работи за природен препарат - маслиново масло, кое е добар сојузник на здравјето и убавината. Во козметичка примена ја храни и ја хидратизира кожата и дејствува како антиоксиданс, а добар е и за личности алергични на супстанции добиени од вештачки состојки. Голем дел од производите за сува и мешана кожа содржат маслиново масло, а и чисто прави мали чуда со кожата.

Тријте го секоја вечер на ноктите

Најдобро е косата, кожата и ноктите да ги негувате со екстра девствено маслиново масло. Антиоксидансите во маслиновото масло ја јакнат кожата и ја прават нежна и мека. За сјајна и јака коса третирајте го влакното со топло масло, а маслиновото масло ќе ги зајакне и слабите нокти. Причината за тоа е што долготрајно ја влажни кожата, па го спречува исушувањето.

Витамините Е, А, К и Д, кои тоа ги содржи, ја зголемуваат еластичноста на кожата, го намалуваат појавувањето на брчките на кожата, а помагаат и при лекување екцем, дерматитис, псоријаза и сува кожа.

Во зима, кожата на рацете најлесно пука, бидејќи е невозможно сите работи да ги завршуваме со ракавици. Покрај ниските температури, ветрот и сувиот воздух, кожата ја сушат и секојдневните средства за хигиена како што е сапунот, па добро е рацете во текот на зимските месеци да се мијат со сапун што содржи маслиново масло.

Амбициозните може да направат сопствен лосион за раце. Доволно е да се згреат маслиново масло, пчелин восок и кокосово масло на тивок оган додека восокот не се стопи. При крајот, во смесата може да додадете и една доза на витамин Е. Ако сакате да додадете масло за мирис, одберете од роза, лаванда, бидејќи имаат антисептичко дејство и помагаат за лекување на кожата.

Ако сакате инстант нежни раце, направете пилинг од две лажици кафеав шеќер и маслиново масло и тријте додека шеќерот не се стопи. Тој ќе ги отстрани сите мртви клетки од кожата.

Влажноста ја губат и ноктите, па за да ги сочувате здрави, тријте маслиново масло по туширање и пред спиење. Низ ладните месеци, негата на стапалата е често занемарена, поради што сите зажалуваат кога надвор ќе огрее сонце. Затоа по секое туширање, намачкајте ги стапалата со малку маслиново масло, а барем еднаш во два дена направете и пилинг со смеса од маслиново масло и крупна сол.

Го јакне и имунитетот

Сепак, изгледот на косата, кожата и на ноктите може да биде слика и за здравствената состојба на вашиот организам. Докажано е дека нанесувањето на маслиновото масло го зајакнува имунитетот и го брани телото од напад на микроорганизми, вируси и бактерии.

Убавината и здравјето се одраз на исхраната, а медитеранската исхрана, која е богата со маслиново масло, позната е како една од најздравите.

* За безживотна коса

Чести зимски и пролетни проблеми се сувата, безживотна и наелектризирана коса. Маската за сјај на косата може да ја направите така што ќе промешате малку маслиново масло и згмечено авокадо. Нанесете ја на пешкир на исушена коса и оставете ја да дејствува 15 минути, а потоа измијте ја со млака вода. Ако немате авокадо, а сакате да ги нахраните косата и влакната, прво измијте ја косата со млака вода, потоа со прстите нанесете маслиново масло и пуштете го да дејствува 20 минути. Измијте ја косата со ладна вода, а ако чувствувате дека е мрсна, може да ја измиете и со малку благ шампон. Наелектризираната коса може да ја скротите и со нанесување неколку капки маслиново масло по целата должина.

* Маска за лице

Кожата на лицето секогаш е директно изложена на ладно или на ветер. Испуканите усни хидратизирајте ги со маслиново масло, а се препорачува и за отстранување шминка.

Може да направите освежувачка маска за лице така што во миксер ќе измешате лажичка нане, мед и маслиново масло. Нанесете ја на чиста кожа и измијте ја по 10 минути. Против брчки може и двапати неделно да го бришете лицето со смеса од маслиново масло и лимон. Тој ја чисти кожата и ~ ја враќа виталноста. Невообичаен рецепт за маска за лице е и овој: измешајте 50 г исечкани листови од зелка и две лажици маслиново масло, а по 15 минути измијте го лицето со ладна вода.

* Миризлива бања

По напорен ден, опуштањето во топла бања звучи идеално, а маслиновото масло може да ја направи дополнително корисна. Само две лажици ќе ја збогатат вашата бања, а ако сакате пенлива, во шишенце измешајте филџан маслиново масло, детски шампон и половина лажица од вашето омилено ароматично масло. Секогаш пред употреба измешајте го.

(М.А.М.)

#



Останати вести
И премногу овошје дебелее
Kога лактозата прави проблем, имате подуеност и гасови
Не дозволувајте и' на депресијата да ја уништи љубовта
80 отсто од слабеењето зависат од исхраната, а само 20 отсто од вежбањето
Правот од коноп спречува болести на срцето
Белиот слез е нужен за пушачите
Децата кои пијат јогурт имаат 19 проценти помал ризик за настинки и инфекции

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести