период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 16.02.2017, 14:49

НОВО ЧИСТЕЊЕ НА СПИСОKОТ СО ФИРМИ

Се бришат над 6.500 фирми, нови 4.300 се на ред за згаснување в година

Почна нов циклус на бришење фирми од евиденцијата на Централниот регистар. Од февруари институцијата ги брише трговските друштва или трговците поединци кои заклучно со 2015 година не доставиле годишна сметка за претходната 2014 година или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче. Во следните неколку месеци на таков начин ќе престанат да постојат над 6.500 фирми. Во меѓувреме од крајот на минатиот месец Централниот регистар состави нова листа од неактивни фирми кои до крајот на минатата година не доставиле годишна сметка за 2015 година. На овој список моментно има над 4.300 фирми, а дали сите ќе бидат избришани во февруари в година ќе зависи од тоа дали во текот на оваа година газдите ќе ја регулираат обврската или, пак, самите или некој доверител не отвори постапка за стечај.

Од Регистарот неодамна информираа дека е составена листата и дека сопствениците имаат повеќе опции на располагање.

- Доколку во рок од една година Централниот регистар на Република Македонија не добие писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб-страница - велат од Централниот регистар.

Во меѓувреме институцијата ќе го ажурира списокот или ќе ги отстрани фирмите потенцијални кандидати за бришење ако се тргнат и причините поради кои биле ставени на списокот. Сепак, некои од газдите со кои разговаравме сакаат да им бидат избришани фирмите оти станува збор за неактивни компании кои само трупаат долгови, а не функционираат. Со бришењето се бришат и долговите за фирмарина или за радиодифузна такса.

Kаква ќе биде динамиката на бришење на овие 6.500 фирми за кои истече рокот ќе се види во следните месеци. Во 2015 година кога се бришеа фирми што не доставиле пријава за 2013 година тој процес траеше до мај до кога беа избришани 34.260 компании. Најмногу бришење имало во април - речиси 20.000. Во февруари од евиденцијата снема 5.296, во март нешто над 9.000, а во мај осум правни субјекти.

(А.Т.)

#



Останати вести
Ученик паднал од прозорец во училиште
И новороденчиња се разболуваат од леукемии и тумори
Поминал 900 километри за половина година
Дејан Манасков се сели во Веспрем
„Металика“ најави нова турнеја
Во пресрет на референдумот, премиерата на филмот "Шеф" за Ердоган
Бобан сакаше сите да нe убие
Ако продолжат бариерите за македонското вино, Македонија најавува контрамерки за увоз од Хрватска
Гансен Роузис исвиркани во Австралија
Симоновски: МЗТ Скопје ќе се радува на нов трофеј
Шест пратеници и тројца градоначалници од Албанија следни за губење мандат?
За среќа е доволно и денарче
Тајни разузнавачи без докази тврдат дека соработниците на Трамп соработувале со Русите
Со СДСМ договорете консензуално одлучување, наместо да скитате по штабови
Ангел Џамбаски: Смртоносен удар за нацијата измислена во 1945 година
Концерт на Цетински и на Георгиев во „Борис Трајковски“
Колку заработуваат порно ѕвездите
Почна пријавувањето за Женска трка
Преку парното ќе се топли и вода во бојлерите, а ќе може да се вгради и подно греење
Теона Стругар Митевска: „Кога денот немаше име“ е филм против насилството како начин на живот
Милена Дравиќ се враќа на серија
Симон Трпчевски во Европа, Филхармонијата и „Танец“ во Kина
ЈСП ги врати линиите 9 и 19
Пропадна расправата за загадувањето во Кавадарци
Убиено 26-годишно момче во подрум
Хју Џекман повторно боледува од рак
Во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора има Бугари
Младите ја немаат привилегијата да го помнат вкусот на вистинскиот домат
ОРМ бара измена на законот со кој компаниите мора да ангажираат приватни адвокати наместо своја правна служба

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести