период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 12.06.2017, 09:55

ЗА ДА СЕ ПОТТИKНЕ ТВОРЕШТВОТО ЗА НАЈМЛАДИТЕ

Македонија ќе го добие првиот фестивал на книжевност за деца

Есенва, во пресрет на одбележувањето на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот Скопје, во Скопје и во неколку други градови ќе почне првиот меѓународен фестивал на книжевноста за деца и млади „Нови штурци“, најавуваат организаторите - издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.

- Задачите и целта на оваа голема меѓународна манифестација се, пред с`, да се стимулира, афирмира и презентира творештвото за деца и млади, да се поврзат и проткајуваат националните литератури и во иднина да се воспостави заеднички мост и поголема и подобра информираност, комуникација и соработка на авторите и книжевностите за деца и млади од Република Македонија и странство - објаснуваат организаторите.

Ново меѓународно списание за деца

На фестивалот се очекува да учествуваат и присуствуваат најпознатите и најистакнати писатели за деца и млади од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Албанија, Турција, Грција и другите соседни земји. Сите тие ќе настапат на повеќе литературни читања во Скопје и републиката, а ќе земат учество и на трибината „Kако се создаваат книгите за деца и млади“.

- По објавувањето на антологијата на најновата македонска поезија за деца и млади „Тоа сум јас“ и изборот на современата македонска поезија за деца и млади „Нови штурци“, ќе излезе од печат и ќе биде промовиран и првиот број на новото меѓународно списание „Нови штурци“, во кое ќе се презентира оригинално домашно и преведено интернационално творештво од истакнати и популарни творци, како и критики, осврти, рецензии и есеи посветени на актуелната македонска, балканска, европска и светска книжевност за деца и млади - најавуваат организаторите.

На фестивалот ќе бидат одржани и работилници со учениците од основните училишта за креативно пишување на тема „Пишуваме раскази, песни и драмски текстови за деца и млади“.

Покрај промоциите и презентациите на нови книги за деца и млади од македонски автори, но и на книги од странски автори преведени на македонски јазик, ќе биде подготвена и изложба на илустрации за деца и млади од македонски и странски илустратори.

Фокус на новата публика

Посебен акцент, нагласуваат организаторите, ќе биде ставен врз создавањето нова читателска публика за што ќе стане збор и на трибината „Зошто не (се) читаме повеќе?!“

- За реализацијата на овој амбициозен, преку потребен и пионерски проект, ќе бидат поканети и вклучени повеќе републички и меѓународни институции, голем број најистакнати творци, воспитувачи, наставници и професори, критичари, есеисти и новинари - велат од издавачката куќа „Феникс“.

На првиот меѓународен фестивал на книжевноста за деца и млади „Нови штурци“ ќе бидат поканети и повеќе издавачи, преведувачи и агенции за авторски права од странство.

- Се очекува „Нови штурци“ да биде елитен масовен, врвен и репрезентативен, домашен и интернационален собир на творците и книжевноста за деца и млади кај нас и во странство.

Планирано е да бидат поканети десетина најистакнати писатели, универзитетски професори и илустратори од странство, а предвидени се и две меѓународни награди и признанија -„Големиот принц“ за веќе етаблирани и афирмирани творци и „Малиот принц“ за нови, млади и авангардни автори од земјата и странство - најавува „Феникс“.

Издадена прва збирка средношколски есеи

Во издание на меѓународниот Центар за славјанска просвета при меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе - Битола, а по идеја и иницијатива на Институтот за култура и уметност при истиот универзитет, деновиве излезе од печат книгата „Средношколски размислувања - збирка есеи“.

- Станува збор за ретко и значајно издание, единствено од овој вид кај нас. На 340 страници, А4-формат, ова е книга за читање, но и за анализирање, истражување и препорачување. Еден од ретките значајни и капитални проекти, кој во иднина ќе биде традиционален и ќе прерасне во посебна и специјална едиција со средношколски есеи, толку многу потребни, барани и привлечни не само за средношколците туку и за нивните професори и сите други заинтересирани граѓани - соопшти издавачот.

Повеќе од 500 средношколци од земјава пишувале есеи на шест теми од областа на економијата, правото, информатиката, психологијата, културата, заштитата и иднината. Најдобрите есеи се избрани, наградени и објавени во овој пионерски, содржаен и авангарден труд.

#



Останати вести
Почина првиот Бетмен
Само изборите и формирањето на владата не се доволни да се добие препораката
Пропелер од претстави во "Кино култура"
Андре Силва пристигна во Милан за 38 милиони евра
Во Шведска отворен Музејот на промашувањата
Изложба на корици „Прошетка низ Европа“
Бензините поевтинуваат за 1,5, а дизелот за 2,5 денари
Во Скопје ограбени триесетина возила во подземна гаража
(ВИДЕО) Кој е подобар Џејмс Бонд?
Атина под притисок за прием на Македонија во НАТО
Еден Македонец лани испил 11 литри млеко, 9 литри пиво и 24 литри газиран сок
Осуден напаѓачот на Сандра Булок
"Фајненшел тајмс“ се коригираше за промената на името
Тајната на нацистичкиот гроб среде непроодната бразилска џунгла
Скопјанец фалсификувал од лични карти до судски уверенија
Привремените работници не може да земаат надоместок поради листата за стаж што ја кочи ПИОМ
Пандев: Игравме колку што ни дозволија Шпанците

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести