период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 11.01.2017, 17:52

На македонските аеродроми лани минале 1,8 милион патници

Преку двата македонски аеродрома, „Александар Велики“ во Скопје и „Св. апостол Павле“ во Охрид, во 2016 година патувале 1,8 милион патници. 

 - 1.794.376 патници патуваа преку двата македонски аеродрома во 2016, што е зголемување  од 15 проценти во споредба со 2015 година кога имавме 1.560.381 патник.  Истовремено, бројот на операции порасна 8,9 отсто достигнувајќи 16.883 лета. Задоволни сме што успеавме да постигнеме двоцифрено зголемување на бројот на патниците на годишно ниво, кое е повисоко од просекот на ЕУ и од просекот во регионот - изјави Алпер Ерсој, генерален директор на „ТАВ Македонија“. 

Според податоците за патничкиот сообраќај, Истанбул е најфреквентната дестинација од аеродромот „Александар Велики, а потоа следуваат Цирих, Виена, Базел, Малме и Лондон. 

Во однос на уделот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, „Визер“ има превезено најголем број од патниците со 54,8 отсто пазарен удел, а потоа следуваат „Туркиш ерлајнс“, „Остријан ерлајнс“, „Џерман флуг“, „Пегасус“ и „Еделвајс“.

#



Останати вести
Исклучениот далновод од Грција нема да ја остави Македонија без струја
Сибирската зима ги окова чамците во Дојранското Езеро
Сонував среќен животот со семејството
Од утре затоплување, нема нов поларен бран до крајот на месецот

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести