период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Спорт
Датум: 10.01.2017, 16:04

Вардар ги започна подготовките без деветмина репрезентативци кои ќе настапат на СП


Ракометарите на Вардар ги почнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната со првиот собир во СЦ „Јане Сандански“. На подготовките недостигаа репрезентативците кои ќе настапуваат на СП во Франција, кое почнува утре. Од Вардар на СП во Франција ќе настапат Стојанче Стоилов, Мартин Поповски, Тимур Дибиров, Даниел Шишкарев, Александар Деревен, Лука Циндриќ, Рожерио Мораеш, Жоан Kањељас и Алекс Душебаев, кои ќе играат за пет репрезентации.

Додека овие се борат за еден од медалите на мундијалот, во Скопје ќе се одвиваат подготовките, кои најмногу ќе бидат на подигање на физичката подготвеност. Тренерот Раул Гонзалез има на располагање десет ракометари. Единствено Страхиња Милиќ се жали на мала повреда на рамото.

Првиот натпревар Вардар треба да го одигра на 2 февруари во Скопје против Нексе во рамките од СЕХА-лигата, а на 5 февруари гостува кај Горење. Тие два натпревара ќе бидат последна контрола пред продолжувањето на мечевите од Лигата на шампионите. На 11 февруари Вардар е домаќин на ППД Загреб.
Во СЕХА-лигата Вардар има одиграно 15 натпревари и е лидер на табелата со 38 бода, три повеќе од Веспрем. На трето место е ППД Загреб со 28 бода од 13 натпревари. До крајот на регуларниот дел треба секоја екипа да одигра по 18 натпревари.

Во Б-групата од Лигата на шампионите, по 9 одиграни натпревари, Вардар е на третото место со 12 бода, два помалку од лидерот Kјељце. Тука треба да се одиграат 14 натпревари. Најдобриот тим од групата ќе се пласира директно во четврт-финалето, а оние од 2. до 6. место ќе играат во осмина-финалето.

#



Останати вести
Ѓорческа против Викери во првото квалификациско коло на АО
Роналдо: Зад мене е најсреќната година во кариерата
Шпанија фаворит, Македонија ќе бие битка за втората фаза
Македонската репрезентација пристигна во Франција

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести