период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 12.01.2017, 12:01

ПРОБЛЕМИ НА МИЛИЈАРДЕРОТ

Унгарија тргнува против Сорос

Унгарија планира да ги затвори сите невладини организации поврзани со милијардерот Џорџ Сорос штом новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја преземе функцијата, пренесе порталот „Блумберг“ повикувајќи се на изјавата на заменик-претседателот на Фидеш, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Силард Немет во вторникот истакна дека Унгарија, која е членка на Европската Унија, ќе ги употреби сите алатки што ~ се на располагање за да ги исчисти сите невладини организации што се финансирани од милијардерот со унгарско потекло, а кои им служат на глобалните капиталисти.

- Овие организации мора да бидат потиснати со сите расположливи средства и јас мислам дека мора да бидат избришани. Мислам дека меѓународните услови сега се вистински за тоа бидејќи е избран новиот претседател на САД - истакна Немет.

Според агендата на парламентот, законодавците ќе почнат да дебатираат за законот со кој ќе им дозволат на властите да ги испитуваат раководителите на невладините организации. Никој од фондот на Сорос не бил достапен за коментар за „Ројтерс“, но владиниот портпарол Золтан Kовач истакнал дека како законодавец од Фидеш и заменик-претседател Немет ги претставува нејзините ставови и дека ставот на владата е истакнат во интервјуто на Орбан за интернет-страницата „888“. Унгарскиот премиер во декември за овој портал рече дека Сорос ќе биде истиснат од секоја европска земја и дека невладините организации ќе бидат истражувани за да се дознае чии интереси претставуваат.

Од групата за човекови права ТАСЗ, една од невладините организации што се финансирани од Сорос, велат дека не знаат што планира владата во врска со организациите на граѓанскиот сектор, но дека не ги плашат последните коментари.

Орбан е првиот европски лидер кој јавно ја поддржа кампањата на Трамп и ги игнорира критиките од Европската комисија и администрацијата на американскиот претседател Барак Обама дека гради нелиберална држава моделирана според, како што беше наведено, апсолутистичките режими како Русија, Kина и Турција. Во 2014 година Орбан лично нареди испитување на фондациите финансирани од Норвешка и истакна дека групите од граѓанското општество финансирани од странство се маска за платените политички активности. Орбан и неговата администрација често пати ги изделуваа невладините организации поддржани од Сорос, кој е поддржувач на американската Демократска партија и има широка мрежа организации што промовираат демократија во некогаш комунистичката источна Европа.

И Трамп не го сака

Трамп исто така го обвини 86-годишниот милијардер дека е дел од глобална структура која е одговорна за економските одлуки кои ја ограбија работничката класа, ја лишиле земјата од нејзиното богатство и ги ставиле парите во џебовите на големите корпорации и политичарите.

За време на кампањата пред изборите Сорос му даде речиси десет милиони долари на политичкиот акциски комитет на Kлинтон, а додаде уште 33 милиони долари преку Фондацијата Отворено општество, стои во извештајот на „Вашингтон тајмс“, а пренесува „Дејли колер“.

#



Останати вести
Од утре затоплување, нема нов поларен бран до крајот на месецот
Ахмети: 99 пати ќе размислиме, 100-тиот ќе пресечеме
Еди Рама е новиот балкански Милошевиќ
Новата влада треба да има широка поддршка за спроведување на пржинскиот договор и реформите
„Јас сум Бог, имам фантазии дека сум луд, соработував со нацистите против Евреите“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести