период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 10.01.2017, 17:52

КОМЕНТАР

Едно време клучот беше фер избори

Широкобазираната влада каква што очекува Европската комисија да биде новата, всушност, значело дека владата треба да има широка политичка поддршка. Вака вчера за „Дневник“ ги објасни очекувањата од ЕK портпаролката Маја Kоцијанчич.

Сепак, од одговорот остана нејасно од кого дополнително треба да има поддршка владата и зошто кога изборите на 11 декември, кои патем беа оценети како фер и демократски (на какви што инсистира Брисел), јасно ја изразија волјата на народот.

Од кого треба да добие поддршка идната влада ако не само и само од македонските граѓани?

До пред 11 декември условот на Брисел беше земјата да спроведе фер, слободни и кредибилни избори или како што популарно ги оценија по завршувањето - избори по скандинавски терк. Доволно беше тоа за ЕУ бидејќи, како што постојано изјавуваа нејзините официјални претставници, пржинските договори се склучија со единствена цел - предвремените парламентарни избори.

И што с` се случуваше? Маратонски преговори со разни, по некои и банални услови - како вкрстеното чистење на Избирачкиот список (кој на крајот остана ист), ад хок телото за контрола на медиумите (кое ништо не промени), одложувања неколку пати на изборниот датум со единствена цел - создавање услови за фер и кредибилни избори...

И откако тестот е положен, со можеби највисока оценка во споредба со досегашните спроведени избори во земјата, и граѓаните си кажаа како се чувствуваат на 11 декември, сега новата влада треба да има широка политичка поддршка.

Па зарем овие 2,5 години не се одиграа под будното око и сугестиите на меѓународната заедница, зарем не се отстапи од највисокиот акт – Уставот, само и само да се задоволат барањата на опозицијата, Западот, ЕУ? Зарем с` не требаше да заврши со изборите?

Очигледно не.

Сега веројатно треба да почекаме широка политичка поддршка од којзнае кој, што и да значи таа. Секако, во државава ниту еден правно пропишан рок веќе не е апсолутен, не е алфа и омега, напротив. Само еден притисок од страна или искажано незадоволство од некоја опозициска партија за што било со брзина на светлината значи активирање на странските пријателства кои по најбрза можна постапка сугерираат пржински преговори, разговори, кафе-пиење, ад хок тела, ад хок уредници, ад хок сенешто, до вчера незамисливи заеднички платформи (како таа на албанските партии)...

И преку ноќ и легитимно изразениот граѓански став на единствениот можен начин - преку избори, може да не е доволен за конечно земјата да добие влада. Оти таа влада, нели, треба да има широка политичка поддршка.

Дали е очигледна тенденцијата земјата да не може да излезе од кризата и по изборите?

Одговорот бргу ќе го видиме, рокот Груевски да состави влада е 20 дена.

Искра Kоровешовска

#



Останати вести
Платформи и пајакови мрежи
Историска шанса или крстопат за државата
Големиот грев на денешната цивилизација
Уставни или платформски визитарки
Платформа за нова 2001 година

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
radovanpopovski@yahoo.co.uk, 11.01.2017 00:56:40
pocituvana kolumnuske.sto da se razgovara i pregovara da ne se popusta pred naleti na opozicijata i eu i amerika.ednas treba da se simnat od dnevnite vlijanija od eu i amerika od makedonija.narodot ce odluci ako treba i na novi izbori.ce pomogne narodnata volja gospod i negovite ovozemski angeli.
praveden, 11.01.2017 08:47:32
Ke bidam kratok,Brisel drzi se podaleku od Makedonija, shroka, dolga, kusa, kakva li vlada ke se napravi toa da ne ve zagrizuva vas toa ke bide odluka na politichkite partii vo Makedonija, Makedonija e vo ovaa haotichnost samo od vasheto meshanje.
Најнови вести