период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 20.04.2017, 17:40

БЕЗ ДОЗВОЛА

Телевизии упаднаа и снимаа во службените простории на МПМ

Медиумски екипи на телевизијата „24 Вести“ и на порталот „ТВ Нова“ денеска неовластено влегоа и снимаа во просториите на „Медиа принт Македонија“. Екипите влегоа во делот каде што се наоѓа службата за човечки ресурси и без дозвола од одговорните лица во компанијата снимаа разговор меѓу дел од вработените, а кој се однесува на внатрешни прашања за компанијата, јавува порталот Телеграф.мк.

Снимката од упадот потоа беше емитувана на медиумите, иако од страна на менаџментот на МПМ е упатен допис со кој се укажува дека снимениот материјал во службените простории е направен без дозвола од компанијата.

-Денешниот силеџиски упад од страна на ТВ-екипи на ’24 Вести’, како и ‘ТВ Нова’ во службените простории на ‘Медиа принт Македонија’ е без преседан бидејќи е без какво било одобрение од надлежните лица во компанијата. Ваква злоупотреба на слободата на медиумите не само што не ѝ служи на каузата, туку ја влошува и така неповолната клима во медиумската сфера“, се вели во дописот упатен од МПМ до медиумите чии екипи го направија упадот.

Од МПМ укажуваат и дека правда ќе бараат по судски пат доколку снимките бидат емитувани.

– „Медиа принт Македонија“ како медиумска компанија најостро го осудува овој вандалски чин и го сметаме за груб напад врз интегритетот на нашата компанија. Доколку се емитуваат неовластени снимки од нашите простории, ќе бидеме приморани нашите права и интереси да ги оствариме по судски пат – стои во дописот од МПМ.

-Познавачите на медиумските состојби нагласуваат дека постапката на двата медиума е спротивна од етичките кодекси на медиумско известување, особено зашто се работи за неовластено снимање во службени простории на приватна компанија, како и дека се снимани лица од кадровски служби без нивна дозвола, пишува Телеграф.

Упадот се случи во мигот кога поголема група вработени од медиумите во МПМ влегоа во делот каде што се кадровските служби и бараа објаснувања за иднината на компанијата. Причина за собирот на вработените беше денешниот оглас за вработување објавен на порталот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, а во кој стои дека фирмата „Медиа принт ДООЕЛ“ вработува на определено време новинари, уредници, фоторепортери и други профили кадри за медиумско работење.

#



Останати вести
Општина Карпош побара истрага за пожарот
„Парамор“ се враќа со нов албум
Во хотел во Словенија пронајдена соба за прислушување
Македонски државјанин протеран од Данска поради сексуални напади врз 22 жени
Ѓорческа не го помина четвртфиналето во Киасо
Евростат: Бугарско државјанство најчесто добиваат Руси, Украинци и Турци
Сорос оди кај Јункер
„Џудишал воч“ ги даде на суд Бејли и УСАИД
(ВИДЕО+ФОТО) Изгореа напуштени бараки во Карпош
Да го спасиме срцето на Миа
Агентот Тесла ќе лета за Вашингтон како личен багаж на Бејли
Ученик нападнал наставник во училиште во Симница
Лазаров: Сакам пак да ја освојам ЛШ и да играм на Олимпијада со Македонија
Дачиќ: Албанците треба добро да ги одмерат своите зборови
Со парите на УСАИД се финансира и смената на неподобни новинари во „Макфакс“
Италијанец се соблече гол и ја преплива Фонтана ди Треви
Гонзалес ги врати Ристовски, Јоноски и Прибак
Познат идентитот на напаѓачот од Шанзелизе
Матине со француски бендови и домашни диџеи пред МKЦ
Премиера на филмот „Ах, љубов моја“ на Скопскиот филмски фестивал
Во Истанбул посаден "килим" од лалиња
Двајца полицајци убиени во центарот на Париз
Протестен марш за „Заедничка Македонија“ во Скопје по 53-ти пат
Да не се посегнува по глупости во Собранието
Јавна седница за „Монструм“ во текот на мај
СДСМ се воздржува од реплики, остануваат уште 40 пратеници за збор
Неколкумесечната работа веќе дава резултати

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести