период од-до
  -  
ЕкономијаЕврорамаХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Култура
Датум: 11.01.2017, 17:54

Изложба на цртежи на уметници-бегалци од Сирија

„Бегство за подобро утре“ е насловот на изложбата на цртежи на уметниците сопружници Шерго Муса и Назли Абду од Сирија, која денеска напладне ќе биде отворена во Kинотеката на Македонија. Изложбата, која ќе трае до 25 јануари, ја организираат претставништвото на УНХЦР Скопје и Центарот за управување со кризи, а куратор е академската сликарка Маја Стефановска.

На изложбата ќе бидат поставени цртежи што сирискиот пар ги создал додека со своите деца престојувал во Прифатниот и транзитен центар „Винојуг“ во близина на македонско-грчката граница. Изложбата, во присуство на двајцата уметници, ќе ја отворат претставникот на УНХЦР Скопје, Мохамад Ариф, и директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку.

#



Останати вести
Филмот „Ослободување на Скопје“ прикажан на фестивалот во Палм Спрингс
Струшкиот музеј кани ученици на часови
„Македонија во странскиот печат“ - ново издание на Државниот архив на РМ
Најмладите археолози ќе ископуваат артефакти во детското катче

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести