период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 19.04.2017, 21:52

ЏУДИШАЛ ВОЧ

Тужба против Џес Бејли и УСАИД



Конзервативна невладина организација Џудишал Воч поднесе тужба против американскиот амбасадор Џес Бејли, пред судот во Вашингтон за делувањето во Македонија. Тужбата следува откако се појавија сомнежи за незаконско финансирање и политички активности во рамки на фондацијата на Џорџ Сорос, Отворено општетство во Македонија.

Наводно, оваа фондација примила 5 милиони американски долари од УСАИД во периодот од 2012 до 2016 година.

Тужбата беше поднесена во окружниот суд во Колумбија откако Стејт Департментот и УСАИД не одговорија на барањето за пристап до информации од јавен карактер, што се однесуваат на извештаи и договори за дистрибуција на финансиите кои од Стејт Департментот биле префрлени на сметка на фондацијата Отворено Општесттво.

Брањето вклучуваше и инфрмации за контакти помеѓу официјални лица од Стејт Департментот и вработени во фондацијата Отворено Општество во Македонија, како и информации за вмешаноста и контактите што ги остварил Американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли со организациите.

На веб страната на УСАИД стои дека во периодот од февруари 2012, до крајот на август 2016, оваа оргазниација префрлила речиси 5 милиони долари на сметката на фондацијата Отворено општество во Македонија, во партнерство со четири локални невладини организации.

Страната на УСАИД нуди директен линк до фондацијата на Сорос и вели дека во проектот биле обучени стотици млади лица на правото на слобода на здружување, граѓански иницијативи, аргументација и користење на медиумите.

Да се преиспитаат активностите на амбасадорот Бејли и УСАИД неодамна побараа и шестмина конгресмени, меѓу кои и Сенаторотн Мајк Ли кој испрати писмо до Бејли со барање да ја објасни врската помеѓу Стејт Департментот и Фондацијата Отворено Општстетво.

#



Останати вести
Има солидна основа за интензивна економска соработка меѓу Македонија и БиХ
Mешање на странски држави и ерозија на државноста
Еди Рама ќе прави голема Албанија - НАТО и ЕУ ни да писнат
„За заедничка Македонија“: Ние не сме од шеќер, ние сме од титаниум
Видео: Инцидент ги повлече фудбалерите на Шкендија и Вардар под трибините
Пристигната иницијатива за членови од Законот за локална самоуправа
Иванов упатил телефонска честитка до Ердоган
Не е вистина дека сме ја прифатиле тиранската платформа
Неопходно е единство и формирање на институциите
Уште тројца осомничени за грабежот во НЛБ Тутунска банка

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
razocaran, 19.04.2017 22:23:11
Конечно Слободата доаѓа во Македонија Среќен му пат и никогаш пак
razocaran, 19.04.2017 22:27:24
Конечно Бејли во Амерички затвор а Заев во Македонски затвор Со борина си го баравте
razocaran, 19.04.2017 22:29:28
Бејли Воскресе е радосната вест во Македонија
razocaran, 19.04.2017 22:31:22
Секоја година ќе го славам овој ден во знак на ослободувањето од ѓаволот
razocaran, 19.04.2017 22:33:41
Со Шилеговото оро на Бејли му посакуваме среќен пат и никогаш пак
DLM, 19.04.2017 23:42:25
Заборавив да го ставам линкот поточно насловот од еден едукативен филм The War on Democracy(2007) за демократијата видено со демократските очи на УСАто. Сакате погледнете сакате не јас по втор пат го гледам во моментов, - мајка на знаењето е повторувањето! хи хи, значи значи...
Тирион Ланистер, 20.04.2017 01:50:41
Побрзајте со истрагата зато што британскиот му колега се има растрчано по провинцијата и гледа да го покрие со глупави и непостоечки проекти. Демек таму завршиле парите, а не за поткуп. Новинари, време е вие да извршите притисок. Истражете ги сите потези што ги прават вампириве.
pece_maliot@yahoo.com, 20.04.2017 02:10:16
Nisto nevoobicaeno za USA, sekoj vrz osnova na argumenti ima pravo da pobara podatoci koi se neklasificirani, a koi gi zasegnuvaat interesite na gragjanite na SAD. Toa e taa demokratija koja ovde 90% ne se prakticira , a 99% ne ja ni znaat. No, jas bi ve nasocil na vcerasniot odgovor na spikerot na State Department koj za mene e mosne seriozen , pa duri i predupreduvacki i nevoobicaen. Tamu, spikerot ne gi znae prasanjata. Razmislite.
Jas, 20.04.2017 09:27:59
Covekot mi lici na Nesto... poradi pristojnost koja ovoa ja nema, ne sakam da kazam na sto ...
Најнови вести