период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Online Забава
Датум: 21.04.2017, 11:13

МАKЕДОНИЈА ГО СЛАВИ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНИТЕ МУЗИЧKИ ПРОДАВНИЦИ

Матине со француски бендови и домашни диџеи пред МKЦ

На платото пред Младинскиот културен центар утре првпат во Македонија ќе се одбележи интернационалниот Ден на независните музички продавници. Со свои диџеј-сетови во шоуто ќе партиципираат Васко Атанасоски, Александар Гавровски од „ПМГ колектив“ и Гоце САФ, а по 17 часот концерти ќе одржат француските бендови „Пувелс“ и „Парту парту“ и германската група „Џефк“.

На настанот ќе бидат промовирани и две плочи. На винилен формат ќе биде претставен проектот „Почеток и крај“ на култниот постпанк, дарквејв и готик рок-бенд „Падот на Византија“ со бонус цеде и 24 страници буклет проследен со референтен историјат на групата, записи од списанија и повеќе оригинални фотографии.

- Се работи за винилно издание кое по неколку параметри е сосема уникатно во целата македонска дискографска историја и на кое се поместени архивски материјали, песни што никогаш порано не биле објавени на единствен носач на звук. Според многумина, се работи за материјал што е светиот грал на македонската андерграунд-сцена - порачуваат организаторите на настанот, МKЦ и „Ап(о)тека“.

Вториот винил што ќе биде промовиран е актуелниот албум на македонскиот гитарист, пејач и кантавтор кој живее и работи во Њујорк, Kрсто Роџевски. Две песни од Bitter Almonds („Горчливи бадеми“) се искористени и во новиот филм на Милчо Манчевски со наслов „Бикини мун“.

Интернационалниот Ден на независните музичките продавници во светски рамки се одржува од 2007 година. Следејќи го генералниот концепт на прославата, и македонскиот тим одлучи да назначи свој амбасадор, промотер на настанот. Изборот падна на Васко Атанасоски од „Бернајс пропаганда“, како што велат, најмногу поради фактот што токму тој во изминатите петнаесетина години со изданијата на некои од своите бендови е еден од ретките македонски музичари што го одржаа винилот како релевантен носач на звук. Годинава првпат на интернационално ниво започнува да се промовира уште едно признание за страсно колекционерство и долгогодишна поддршка на физичките изданија како носачи на звук, а кај нас ќе му биде врачено на Васја Ивановски.

(Ѓ.С.)

#



Останати вести
„Парамор“ се враќа со нов албум

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести