период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Култура
Датум: 20.04.2017, 18:11

Чествување на 35-годишнината од смртта на Ацо Шопов

Стихозбирка, изложба и премиера „Во чест на поетот“ во Штип

Со промоција на нова стихозбирка од Благој Самоников, изложба на цртежи и премиера на филм вчера во Штип беа одбележани 35 години од смртта на Ацо Шопов (1923-1982), на манифестацијата „Во чест на поетот“, што се одржува од 1983 година.

- Секоја година редовно ги одбележуваме денот на раѓањето, 20 декември, и денот 20 април, кога физички се разделивме од бардот на современата македонска поезија. Тие два датума н` обврзуваат на чествување на ликот и делото на Шопов. Во програмата на „Во чест на поетот“ редовно имаме содржини од книжевноста, музиката, сликарството, а годинава и од филмот – истакна Трајче Kацаров, уметнички раководител на Центарот на културата „Ацо Шопов“.

Вчера претпладне беше положено свежо цвеќе пред спомен-бистата на Шопов во паркот пред Домот на културата, потоа се одржа промоција на најновата стихозбирка „Непроѕирна светлина“ од писателот Благој Самоников, па изложба на цртежи од Драган Ристов, а за синоќа на „Сцена 100“ во Домот на културата беше закажана премиерна проекција на филмот „Малиот гангстер“.

- „Во чест на поетот“ годинава ја организираме по 34. пат и среќен сум што мојата седумнаесетта книга се промовира токму на денот кога го чествуваме големиот Шопов. Насловот на стихозбирката „Непроѕирна светлина“ ја крие тајната а светлината од другата страна на мракот, каде што егзактно не може да се продре, па тој простор се исполнува преку интуицијата. Во поезијата тргнуваме од реалната возбуда во природата, во животот, а често тоа н` води кон неразрешливото, па авторот сака кај читателот да го разбуди љубопитството за тајните што него го преокупирале при создавањето на песната – вели Самоников.

Ацо Шопов е автор на првата книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија, збирката „Песни“ објавена во 1944 година. Бил претседател и член на Друштвото на писателите на Македонија од неговото основање, прв претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата, член на МАНУ од нејзиното основање во 1967, претседател на Сојузот на книжевни преведувачи и на Сојузот на писателите на Југославија, директор на неколку издавачки куќи и главен уредник на повеќе македонски списанија...

Љупчо Шатевски

#



Останати вести
Бисерите на македонската кинематографија на Video on Demand
Овации за „Животот е прекрасен“ на МНТ на фестивалот МИТЕМ во Будимпешта
Премиера на филмот „Ах, љубов моја“ на Скопскиот филмски фестивал

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести