период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 19.04.2017, 15:04

АЛТЕРНАТИВА

Правот од коноп спречува болести на срцето

Протеинскиот прав од коноп е производ што се добива од семките на растението канабис сатива или попознато како индустриски коноп. Ова растение се користи уште од дамнина.

Го користеле старите американски племиња, Индијанците, Сумерите, Персијците, Египќаните. Денес, поради својот богат хранлив состав се смета за еден од најскапоцените дарови на природата.

Индустрискиот коноп (Cannabis sativa), за разлика од индискиот коноп (Cannabis sativa - indica) не ја содржи психоактивната супстанција THC и нема приспивно дејство.

Правот, маслото и семките од коноп се најпознати и најкорисни производи од ова растение, а нивното вклучување во исхраната може да донесе многу здравствени придобивки.

ПРОТЕИНСКА НУТРИТИВНА БОМБА

Правот од канабис е познат како еден од најбогатите растителни извори на протеини.

Протеините се од суштинско значење за раст, развој и регенерација на ткивото, а особено се корисни за мускулите и коските.

Протеините од конопот ги содржат сите 20 аминокиселини, вклучувајќи ги и 10 есенцијални аминокиселини кои човечкото тело не може да ги произведе и мора да ги обезбеди преку храната.

Освен високиот удел на аминокиселини, специјалност на протеинскиот прав е идеалниот сооднос на омега-3 и омега-6 масните киселини, а токму нивниот совршен сооднос е важен фактор за здравјето на луѓето.

Правот од коноп изобилува со витамини, особено Б и Е и минералите калиум, калциум, железо, манган, цинк, литиум, а особено магнезиум.

Минералот магнезиум е вклучен во повеќе од 300 ензими и функции во рамките на нашите тела.

Тој е исклучително важен за синтеза на масните киселини и протеини, за здравјето на коските, за стегање и опуштање на мускулите и производство на енергија.

Недостигот на магнезиум е поврзан со коронарна срцева болест, остеопороза, хронична несоница и високо ниво на стрес.

Правот од коноп е богат со растителни влакна, хранливи материи, кои имаат голем број здравствени придобивки. Исхраната богата со растителни влакна може да го намали ризикот од срцеви заболувања, дијабетес тип 2, запек и дигестивни болести.

Правот од коноп е 100 отсто природен производ и не предизвикува алергии, не содржи глутен и е лесно сварлив.

Спречува болести на срцето и крвните садови

Правта од коноп содржи алфа-линоленска киселина (АЛА), еикозапентанонска киселина (EPA) и на докозахексанонска киселина (DHA), која има стабилизирачки ефект врз срцето.

Експертските студии потврдија дека високите нивоа на овие киселини може:

*Да спречат срцеви заболувања
*Спречуваат холестерол
*Спречуваат висок крвен притисок
*Го нормализира пулсот
*Го регулира абнормалниот срцев ритам
*Го забавува насобирањето плак во артериите

Гама-линоленската киселина и аминокиселината аргинин се поврзани со намалените нивоа на C-реактивен протеин (CRP). CRP е инфламаторен маркер поврзан со срцеви заболувања.

Гама-линоленска киселина придонесува за намалување на ризикот од згрутчување на крвта.

Поради високиот процент на магнезиум, правот од канабис е исклучително ефикасен во намалување на крвниот притисок.

Неодамнешните истражувања покажуваат дека овој вид храна, благодарение на нејзиниот состав, значително помага за обновување на срцето по срцев удар.

Го подобрува варењето на храната

Растителните влакна се важен дел од исхраната, а се поврзани со добро здравје на дигестивниот систем. Харвардското државно училиште за здравство тврди дека исхраната богата со растителни влакна го намалува ризикот од запек, рак на дебелото црево и срцеви болести и дијабетес тип 2. Конопот во прав е одличен извор на растворливи и нерастворливи растителни влакна.

Растворливите влакна ги хранат добрите бактерии во цревата, ги "апсорбираат" штетните материи, но и го намалуваат шеќерот во крвта и го регулираат нивото на холестерол.

Нерастворливите влакна исто така се од голема важност за варењето на храната бидејќи ги стимулираат движењата на дебелото црево и му помагаат на телото за брзо ослободување од штетните материи.

*Ги намалува ПМС-симптомите

80 отсто од жените во репродуктивната возраст страдаат од физички или емоционални симптоми предизвикани од предменструален синдром (ПМС).

Според научниците, овие симптоми веројатно се последица на чувствителноста на хормонот пролактин.

Гама-линоленската киселина (GLA), која се наоѓа во правта од коноп, произведува простагландин - соединение кое ги намалува ефектите на пролактин.

GLA помага во ублажување на симптоми како што се болка и осетливост на дојките, депресија, анксиозност и задршка на течности.

Освен тоа, состојките во правот од канабис може да имаат позитивен ефект врз симптомите на менопауза.

Ги ублажува кожните болести

Конопот во прав е корисен во контролата на голем број заболувања на кожата.

Истражувањата покажаа дека избалансиран сооднос на омега-6 и омега-3 масните киселини се многу корисни за оние кои страдаат од атопичен дерматитис.

Овие и други состојки во правот од канабис ги ублажуваат симптомите на егзема и помагаат при сува кожа и чешање.

Спречува деменција и Алцхајмерова болест

Според списанието Journal of Alzheimer Disease, старите лица чија исхрана содржи големи количества незаситени масти, имаат намален ризик за оштетување на меморијата и последователно развој на деменција.

Незаситените масти во правот од канабис се совршена замена за протеините од животинско потекло кои се богати со заситени масти.

Истражувањата покажаа дека постарите луѓе кои консумираат оптимално ниво на омега-3 масни киселини имаат пониска веројатноста од заболување од Алцхајмерова болест.

Други анализи заклучиле дека омега-6 масните имаат позитивни ефекти во превенција на хронични дегенеративни болести, вклучувајќи артериосклероза, кардиоваскуларни заболувања, Алцхајмерова болест, па дури и некои видови рак.

Го зајакнува имунолошкиот систем и го зголемува нивото на енергија

Високата концентрација на омега-киселини во конопот во прав го поттикнуваат транспортот на кислород до клетките.

Доволно количество кислород помага во борбата против вируси, габични инфекции и бактерии. Масните киселини му помагаат на телото да произведува двојно повеќе енергија, но, исто така помага и во регулирање на метаболизмот.

Конопот во прав е богат со алфа, бета и гама-глобулини - протеини што го зајакнуваат имунолошкиот систем и помагаат да се задржи енергијата и целокупното здравје на организмот.

Помага во губење на тежината

Конопот во прав е богат со растителни влакна, кои не само што се грижат за варењето на храната, туку создаваат чувство на ситост долго време по оброкот.

Тоа им оди во прилог на оние што сакаат да изгубат тежина или за одржување здрава тежина. Со внесување на овој вид храна, телото добива многу малку калории, а во исто време добива доволно количество хранливи материи.

Конопот во прав го зголемува нивото на енергија, кое е многу важно за луѓето кои се обидуваат да изгубат тежина.

Како да го користите конопот во прав?

Препорачана дневна доза протеини во правта од канабис во телото е 1-2 лажички.

Тој е лесно растворлив во течности и може да се додава во сокови, смути, шејкови и разни други пијалоци. Совршено се комбинира со мноштвото продукти, па е идеален за збогатување на слатките и на солените јадења. Може да се додаде во супи, зрна, житни каши, јогурт, палачинки, пудинзи, колачи и други слатки.

(Е.Т.Е.)

#



Останати вести
Кражби во казино и обложувалница во Скопје и Прилеп
Вучиќ: Изразувањето на лични желби не придонесува за добри односи
Kинески танчари со македонска кореографија на турнеја во Европа
Украдените пари од НЛБ со „голф“ пренесени во Србија
Има солидна основа за интензивна економска соработка меѓу Македонија и БиХ
Видал: На „Сантијаго Беранбеу“ се случи класична судиска кражба
Убиецот од Фресно мразел белци и мислел дека е во војна
Момите лудуваа по баце Kоле и по неговиот кадифен глас
Кајли Миног во врска со принцот Ендрју?
Тужба против Џес Бејли и УСАИД
Високата изборна комисија ги отфрли барањата на опозицијата за поништување на референдумот во Турција
„За заедничка Македонија“: Ние не сме од шеќер, ние сме од титаниум
Видео: Инцидент ги повлече фудбалерите на Шкендија и Вардар под трибините
Пристигната иницијатива за членови од Законот за локална самоуправа
Иванов упатил телефонска честитка до Ердоган
Не е вистина дека сме ја прифатиле тиранската платформа
Прекинат мечот Шкендија – Вардар во Тетово
Извршната директорка на Централниот регистар на хартии од вредност поднесе оставка
ММФ ја намали прогнозата на економски раст од 3,5 на 3,2 % за годинава
Заев се сретна со амбасадорите на Германија, Британија, Холандија, Шведска и Ирска
Лекар и пријател му помагале на Принс да најде опиоидни аналгетици
Фудбалери на Баерн Минхен упаднале кај судиите по поразот од Реал Мадрид
Поднесено обвинение за случајот „Транспортер“
Неопходно е единство и формирање на институциите
Хакери разголија уше 14 славни жени
Самсоненко: Ако има судиска неправда ќе се повлечам од првиот тим
ХХL-манекенките ги освојуваат насловните страници
Уште тројца осомничени за грабежот во НЛБ Тутунска банка
Со „Реквием за госпоѓа Ј.“ утре почнува 20. Скопски филмски фестивал

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести