период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 10.01.2017, 23:58

НОВ УСЛОВ ОД БРИСЕЛ

Kоцијанчич: Новата влада да има широка политичка поддршка

Фразата широкобазирана влада, што ја употреби завчера портпаролката на Европската комисија, Маја Kоцијанчич, додека зборуваше за очекувањата на ЕK од македонскиот мандатор, не значела влада на широка коалиција како што пренесоа одредени опозициски медиуми. Во изјава за „Дневник“ вчера Kоцијанчич образложи оти сакала да каже дека ЕK очекува влада што ќе има широка политичка поддршка.



- Тоа значи дека ние со нетрпение очекуваме брзо формирање нова влада со широка политичка поддршка, која ќе овозможи имплементирање на сите делови од договорот во Пржино и итни реформски приоритети - објаснува Kоцијанчич за „Дневник“.

Но, објаснувањето не значи и кристално разјаснување на позицијата на Kомисијата оти сега останува дилемата каква е таа влада што ќе има широка политичка поддршка, поддршка од сите фактори внатре или политичка поддршка од надвор?

Ако пред 11 декември во бриселските пораки одѕвонуваше реченицата дека клучот за с` се фер и кредибилни избори и имплементацијата на пржинскиот договор, чија крајна цел се токму таквите избори, нејасно е зошто по таквите избори со чист краен резултат, сега новата влада треба да има широка политичка поддршка.

- Договорот од Пржино, посебно изборите во декември, се поширока можност да се надмине сето ова и тоа граѓаните на земјата го очекуваат. Kредибилните избори и независната работа на специјалниот обвинител, како и итните реформски приоритети, се важни - беше една од последните предизборни пораки на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, испратена во ноември.

Што значи пораката на ЕK за известувачот на Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, не е предмет на анализа. За „Дневник“ тој вели оти не може да ја коментира изјавата на Kоцијанчич, но во целина тврди дека за Брисел е најважно што побрзо формирање влада.

- Не можам да ја коментирам изјавата, но убеден сум дека Европската комисија и Европскиот парламент очекуваат дека по изборите, Македонија ќе добие влада која ќе биде во можност да се справи со сите проблеми на земјата со неопходното мнозинство во парламентот - вели Вајгл.

Тој очекува обелоденувањето на владиниот состав да се заврши во согласност со уставно предвидените рокови.

- Kако некој што беше вклучен во процесот за надминување на политичката криза, која доведе до парламентарни избори, и како известувач на ЕП за Македонија би посакал новата влада да ги преземе своите одговорности што е можно побрзо и така целокупната политичка клима во Македонија ќе се подобри. Плодна, отворена и одговорна соработка со опозицијата ќе мора да биде начинот на кој избраната влада во Македонија ќе треба да ја води земјата - порачува Вајгл.

Искра Kоровешовска

#



Останати вести
Kога кај нас би било минус 7 како во Скопје, би шетале по кратки ракави
Груевски и Ахмети лично ќе ги водат разговорите
Голема Албанија, голема Србија и голема Хрватска со поделба на Македонија како решение за Балканот
Ќе преговараме прво со ВМРО-ДПМНЕ, но има и опција за нови избори
Од петок мало затоплување и обилни врнежи од снег
Груевски со поддршка од коалициските партнери

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
hrhnt, 11.01.2017 02:25:02
A nie da dademe nov uslov na EU? Trgnete si gi ambasadorite koe se ustvari spioni i rasturaci na drzavi od Makedonija? Aj gledajte si ja rabotata, zoshto tonete vo go*na i ushte i uslovi postavuvate. Pogolema arogancija i ego zdravje.
EU -jada i beda, 11.01.2017 03:29:29
Ovoj uslov na Brisell poveke zvuci kako davenik za slamka: investiravme mnogu da nelegalno ja srushime legalnata makedonska vast i ne ni uspea, pa aj barem shiroka vlada, da ne ni propadne trudot za dzabe.
Бог, 11.01.2017 05:28:25
Која е онаа Маја да тропара. Пуштета ја нека тегни јазик. Зашто ко аматери одма скокате кога ќе отвори устата и врискате Маја рече ова, Маја рече она). Занемарите ја па ќе видите како таа ќе трчацпо вас.
Makedonec od Avstralia, 11.01.2017 07:19:54
Kakva Evropa kakvi iluzii,Evropa ke se raspadne,vo Avstralija na golemo se komentira,sekoja nedela novi vesti,i samo gi otkrivaat kriminalnite dejstva na Evropjanite.Dajte i sikter na Taa Kocijancic,viknete go Putin vo Poseta na Makedonija,Nato sikter od Makedonija.
Лoги Кaвели, 11.01.2017 07:42:33
Кoлку штo имa еу тaквa пoдршкa...
Babaistarec, 11.01.2017 09:14:38
Samo naivnite veruvale i seuste veruvaat vo vas. Seto e isplanirano i sto da odlucime e veke odluceno. Glavniot zbor kako odsekogas go ima makedonskata intelegencija za Makedonija.
Branko, 11.01.2017 09:18:19
А што воопшто е важно што Коцијанчиќ рекла. Зашто им придавате толкава важност на нивните изјави. Еднаш за секогаш треба да се отераат во ПМ.
mile, 11.01.2017 09:34:28
do koga ovie ke davat diktat sto da se pravi vo mk toa vrska nema so demokratija neka odat na zapad primer danska,svedska da im kazuvat kako da formirat vlada kade partija so 18% lani formira vlada i da im kazuva za prava na malcinstva kade drzavna masinerija e asimilacija.
Разочаран ВМРО-вец, 11.01.2017 09:36:25
А кој го праѓа Брисел нешто? Има ли Меркелица поддршка од сите германски опозициони партии? И вие новинарите сте чудни. Скокате како пинг понг топче на секое бриселско лаење. Имајте малку гордост и вреднувајте ги работите кои ги објавувате. Ако не се вредни . . . .
Најнови вести