период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Култура
Датум: 10.01.2017, 09:09

Почина Дарко Гашпаровиќ, истражувач на македонската култура и уметност

Еден од најголемите и најпознатите хрватски проучувачи и истражувачи на македонската култура и уметност, проф. д-р Дарко Гашпаровиќ, почина завчера. Дарко Гашпаровиќ беше професор на Универзитетот во Риека, член на Хрватското друштво на писателите и еден од водечките хрватски мислители и интелектуалци. Тој особено се занимаваше со хрватско-македонските културни односи и врски.

Гашпаровиќ минатата година ја доби светската награда за хуманизам на Охридската академија на хуманизмот, со која се вброи во редот на врвните светски претставници на хуманистичката мисла кои ја добија оваа висока и престижна награда меѓу кои Солжењицин, Рави Шанкар, нобеловката Херта Милер и други. По повод добивањето на ова високо признание, издавачката куќа „Феникс“ ја објави книгата „Писмото низ вековите“ од Дарко Гашпаровиќ, во која тој прави пресек и се осврнува на Kирило-Методиевата традиција преку светите Kлимент и Наум.

Гашпаровиќ во овој научен труд се осврнува и задржува и на други пројави од македонската култура, а како автор е познат по своите стручни погледи и студии за водечките претставници на македонскиот театар - Kоле Чашуле, Живко Чинго, Јордан Плевнеш, Слободан Унковски, Владо Цветановски, Дејан Пројковски и други.

Непосредно пред смртта на Гашпаровиќ излезе од печат неговата книга со есеи „Златно руно“.

#



Останати вести
„Снежана“ и „Оревокршачка“ - детски викенди во Македонската опера и балет

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести