период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 31.03.2017, 17:07

ЕДЕН ЧЕKОР И ДВА МУАБЕТА

Заев на бината на „За заедничка Македонија“

Заев легнува како Ќосето, а се буди како Kоте од Руља. Вака некако може да се објасни состојбата на лидерот на СДСМ во однос на неговата македонштина, односно немакедонштина. Редно е да се одлучи веќе еднаш дали е патриот или не му личи да биде патриот. Ако е патриот, неговиот патриотизам може да го докаже на дело, така што уште веднаш ќе ја отфрли тиранската платформа. Поубав период за покажување на македонштината и патриотизмот од овој нема. Уште поубаво би било кога, отфрлањето на платформата креирана од албанските партии од Македонија и Еди Рама од Албанија, ќе го стори качен на бината на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која секој ден се поставува пред Собранието по 17 часот. Ако Заев сака да покаже дека е патриот, тој треба да му се извини на македонскиот народ што воопшто ја прифатил платформата и да ја отфрли сосе предлогот на ДУИ, Талат Џафери да биде претседател на Собранието. Џафери е запишан во историјата како поранешен командант на ОНА. Без да навлегуваме дали се точни информациите за неговата вистинска улога во ОНА, односно дали навистина бил со ОНА или не бил, Џафери за Македонците е човек што нишанел на македонските бранители. Ако малку му проработи македонштината на Заев, тој овој предлог на ДУИ ќе го отфрли. Но, да не заборавиме дека кај Заев македонските бранители не ја будат македонштината, туку непатриотската жица. А тоа и самиот Заев го кажа во интервју за „Алсат М“, кога рече дека поддршката на социјалдемократите на Законот за бранителите, е една од најголемите грешки на партијата. Објаснувајќи зошто СДСМ ја откажува поддршката, Заев рече дека не им личело да глумат патриоти. 

Дека нему не му личи да биде патриот слушнавме многупати досега. Тргнувајќи од тоа дека треба да го свиткаме ’рбетот кога е во прашање спорот за името, па по кумановските настани кога за косовска телевизија рече дека треба да се воведе двојазичност и да се избере име на државата што ќе ја отсликува мултикултурата, па неговиот легендарен настап во Швајцарија кога на албанската дијаспора ~ ветуваше кантони во Македонија и велеше дека Македонците се виновни што имаат проблеми со соседите, с` до прифаќањето на тиранската платформа чија намера е Македонија да стане бинационална држава која потоа лесно ќе може да се подели. Поделена Македонија лесно го отвора патот за реализација на долгогодишниот сон на таквите како Kочо Данај – „сите Албанци во една држава“.

Ако Заев прифаќа нешто со што ќе се уништи Македонија, не  е јасно, за каква македонштина зборува? За онаа во песната да не му ја гибаме жицата македонска?

На возрасен, паметен човек нема да му текне такво нешто да напише, не па да го става на социјалните мрежи и згора да го повторува на „Kанал 5“.

Ако сите се пазареа со националните интереси како Заев, тогаш немаше ниту една држава да постои, немаше да ја има Република Македонија и тој не ќе можеше денес да се нуди да биде македонски премиер. Ако сите Македонци размислуваа како Заев, денес, немаше да бидат тоа што се. Заев како човек кој се нуди да раководи со оваа држава мора да знае што се државни и национални интереси. Со тие интереси нема пазар. Не се тоа корнишони. Зашто има работи што немаат цена, а тоа секако е името, идентитетот, јазикот и културата како обележја на овој народ, суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.

По сето ова, сега веројатно и на најголемите скептици им е јасно дека „бомбите“ не му беа дадени за „убави очи“. Ако се сеќавате, тој тоа и не го криел уште во испратените пораки до Мендух Тачи каде што се фалеше дека соработува со лица од надвор и со албански политичари од регионот и дека повисоките од надвор го подготвуваат да ја земе власта. Од граѓанската иницијатива „Стоп Сорос во Македонија“ слушнавме и дека зад прислушувањето стојат Еди Рама, Матео Ренци и Зоран Заев, и дека целата операција била финансирана од Сорос. Несомнено е дека СДСМ плус лица платени од Сорос, сосе нивните медиуми се обидуваат да ја релативизираат темата за редефинирањето на Македонија. Но, им останува на Македонците да не дозволат некој да им го пере мозокот дека не е ништо страшно ако се воведе двојазичност, дека не е ништо страшно да се отвори дебата за химната, знамето и грбот, дека не  е ништо страшно ако се смени името на државата оти така брзо ќе влеземе во ЕУ и во НАТО. 

Страшно е оти јасна е целта - обезличување на Македонија и укинување на македонскиот народ. Затоа, во оваа битка треба да се издржи или Република Македонија ќе ја снема. А Заев може до утре да говори за својата македонштина, само нема кој да му верува.

Ирена РадовановиЌ

#



Останати вести
Зошто не се залагате за правата на Албанците во Грција?
Што ако се рашират платформите во Европа?
Kако „За заедничка Македонија“ врши дискриминација

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
George Nauman, 01.04.2017 14:38:57
Nemoze, mislam deka nema sansi ova da se sluci, bidejkji Zajko ne ja zastapuva Makedonija, tuku crvenata neoliberalba sorosoidna burzoazija. Za zal se uste nekoi lugje glasale za niv mislekji deka glasaat za diktatura na proletarijatot, onaka po inercija, iako bojat nalogoto odamna e promenata.
Rafal 01-04-17, 01.04.2017 15:02:12
Dosega vo EU bea 28 zemji i ni edna ne promeni ni ime,grb,zname,himna, ni bilo sto, engleska ja napusti EU bez da promeni ni eden simbol. A zasto nie morame da se obezlicime? za EU za NATO,ne,ne;ne, nie treba sto pobrgo da se resime od crpnative na bilo koj nacin!ako treba i fizicki i Makedonia ke ni bide mirna bez EU,i Nato.
Rafal 01-04-17, 01.04.2017 15:03:51
Dosega vo EU bea 28 zemji i ni edna ne promeni ni ime,grb,zname,himna, ni bilo sto, engleska ja napusti EU bez da promeni ni eden simbol. A zasto nie morame da se obezlicime? za EU za NATO,ne,ne;ne, nie treba sto pobrgo da se resime od crpnative na bilo koj nacin!ako treba i fizicki i Makedonia ke ni bide mirna bez EU,i Nato.
dedo, 01.04.2017 15:18:08
Zaev i SDSM za se seriozna zakana na Makedonija. Narod makedonski ke mu sudi na Zaev i na negovite podržuvači.Žalno e što Zaev i nekolcina imaat kvalifikacija za sudska odgovornost (delo protiv svojot narod i država) a site si trajat. Žalosno!
Најнови вести