период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 12.06.2017, 10:45

НЕПОЗНАТИОТ ПЛАН НА ХИТЛЕРОВА ГЕРМАНИЈА

Тајната на нацистичкиот гроб среде непроодната бразилска џунгла

За еден план на нацистите се знае многу малку – тоа е идејата за јужноамериканскиот Трет Рајх. Веќе 80 години под превезот на мистеријата е еден гроб што се наоѓа во бразилската џунгла. Тој има и свастика и крст. На него пишува: Овде на 2 јануари 1936 година умре Јозеф Грајнер, кој беше во служба на германскиот истражувачки тим.

Kако се нашол гробот на германскиот нацист длабоко во бразилската прашума во изолираното село Ларањал до Јари?

Историчарите и истражувачите веќе со децении пишуваат книг и откриваат многубројни документи, кои покажуваат како нацистите по Вторатиа светска војна бегале во Јужна Америка.

17-месечно пробивање

Но за еден заговор или подобро речено план на нацистите се знае многу малку. Станува збор за нивната експедиција, која почнала далеку пред војната. Имено, нацистите пред војната сакале да воспостават свое упориште во Јужна Америка, бидејќи имале намера да го освојат најголемиот дел од коритото на Амазон.

Тајната мисија наречена „Проект Гвајана“ настанала врз основа на експедицијата во Амазон, која ја предводел Ото Шулц-Kампфенкел, берлински зоолог, режисер на документарни филмови и член на Хитлеровите ес-ес дивизии.

Цели 17 месеци од 1935 до 1937 година, нацистичките научници и истражувачи предводени од Шулц-Kампфенкел се пробивале низ бразилската прашума во нејзиниот дел кај бразилската граница со Француска Гвајана. Собирале черепи од животни, накит од племињата домородци и ја проучувале топографијата по текот на реката Јари.

- Експедицијата, всушност, почна со вообичаените научни претензии. Но Германија почнуваше војна и Шулц-Kампфенкел се зафати со идејата за нацистичка колонизација – вели Јенс Глусинг, дописник на „Шпигел“ од Бразил и автор на книгата „Проект Гвајана“.

Својот план Шулц-Kампфенкел во 1940 му го претставил на Хајнрих Химлер, шефот на ес-ес и на Гестапо. Kако што пишува „Њујорк тајмс“, целта на планот била да се ослабне регионалното влијание на САД, преку освојување на Француска Гвајана и соседните холандски и британски колонии.

Хаваријата на хидроавионот

Но, планот за создавање „Германска Гвајана“ пропаднал.

Делумно и затоа што територијата на Француска Гвајана паднал во рацете на колаборационистичката влада од Виши, а делумно и поради лошата среќа што ја имала експедицијата на Шулц-Kампфенкел.

Тој за својата експедиција на располагање имал хидроавион

Heinkel He 72 Seekadett, кој бил претставуван како урнек и гордост на нацистичката индустриска иновација. Но авионот при слетувањето се превртел откако удрил во стебло што пловело и тоа само неколку недели од почетокот на експедицијата.

Во текот на целото патување и на текот на експедицијата научниците што си се доживувале како „виша раса“ целосно зависеле од домородните племиња и за да преживеат и за да може да го продолжат пробивањето низ џунглата.

Маларијата и другите тропски болести ја трошеле силата на нацистите. Самиот Шулц-Kампфенкел преживеал тешка дифтерија, но неговиот најблизок соработник Јозеф Грајнер не успеал – го убила непознат тип треска. Неговиот гроб среде непроодната џунгла останал да стои како симбол на еден голем и неуспешен нацистички план.

#



Останати вести
Почина првиот Бетмен
Само изборите и формирањето на владата не се доволни да се добие препораката
Пропелер од претстави во "Кино култура"
Андре Силва пристигна во Милан за 38 милиони евра
Во Шведска отворен Музејот на промашувањата
Изложба на корици „Прошетка низ Европа“
Бензините поевтинуваат за 1,5, а дизелот за 2,5 денари
Во Скопје ограбени триесетина возила во подземна гаража
(ВИДЕО) Кој е подобар Џејмс Бонд?
Атина под притисок за прием на Македонија во НАТО
Еден Македонец лани испил 11 литри млеко, 9 литри пиво и 24 литри газиран сок
Осуден напаѓачот на Сандра Булок
"Фајненшел тајмс“ се коригираше за промената на името
Скопјанец фалсификувал од лични карти до судски уверенија
Македонија ќе го добие првиот фестивал на книжевност за деца
Привремените работници не може да земаат надоместок поради листата за стаж што ја кочи ПИОМ
Пандев: Игравме колку што ни дозволија Шпанците

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести