период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 19.04.2017, 21:37

ВЛАДИМИР ЧУКОВ, УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР ВО СОФИЈА

Mешање на странски држави и ерозија на државноста

Бугарија се соочува со странски интервенции во внатрешното уредување, слично како и Македонија, а Балканот е с` поочигледна темпирана бомба, предупредуваат бугарските експерти за бугарските медиуми.

Имено, обидот на турските власти да ги мобилизираат гласачите со бугарски пасоши да ги поддржат турските партии на неодамна одржаните парламентарните избори предизвика сериозна загриженост во официјална Софија. Дебатата беше концентрирана на обвинувањата кон Анкара за мешање во политиките на Бугарија, што беше осудено од речиси сите бугарски политичари.

Деновиве и бугарскиот претседател Румен Радев, најавувајќи дека следната недела ќе го додели мандатот за формирање нова влада, предупреди оти немешањето во странските дела е најголем влог во добрососедските односи. Според него, Бугарија мора да реши дали ќе биде држава што нема да дозволи мешање од надвор.

Професорот на софискиот универзитет, Владимир Чуков, за „Дневник“ вели дека демографската динамика која постои на Балканот последниве години во состојба во која некои од земјите се членки на ЕУ и НАТО, а други не се, стана фактички проблем.

- Она што се случува во Македонија, она што се случува во Бугарија, е типично мешање на други држави однадвор. Факт е дека постои демографска динамика во Албанија и Турција, која еволуира до степен што Тирана преку албанските партии во Македонија интервенира, исто како што и Анкара преку турските партии го стори тоа. Ова што се случува истовремено покажува и дека тоа сме го дозволиле како држави, значи постои ерозија на државноста сфатена како лидерство, како извршна власт, како политички партии и на крајот како граѓанство - вели Чуков.

Според професорот, нема простор во овој момент за безбедносни предвидувања во смисла на тоа дали безбедноста на државите, односно Балканот, е загрозена, но индикации сепак постојат.

- Фактот што на Балканот постојат два типа држави - едни што се членки на ЕУ и НАТО и други што не се, само по себе значи дека првите по дефиниција се побезбедни за разлика од вторите. Не дека членството во ЕУ и НАТО е гаранција за безбедноста, но сепак заштитата и правилата на игра се поинакви - нагласува Чуков.

Во насока на обезбедување на безбедноста и заштитата на националните интереси, добро се познати ставовите на македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Тој е дециден и не отстапува од одлуката дека мандатот нема да го додели с` додека тиранската платформа не биде категорично отфрлена.

Бугарскиот претседател, пак, ~ порача на идната влада дека треба да се избори за заштита на националната безбедност. За таа цел, според Радев, неопходно е да се одлучи дали Бугарија ќе дозволува регистрирање на етничките партии, како и кој ќе ги финансира верските заедници.

- Ние треба да решиме дали навистина ќе бидеме држава која нема да дозволи регистрирање етнички партии. Ќе бидеме ли држава што ќе се грижи за своите вери така што ќе ги штити, ќе ~ помага за веронауката или ќе бидеме држава што ќе дозволи цело финансиско обезбедување на нашите верски заедници да се обезбедува однадвор. Ако бугарската држава одлучи да преземе обезбедување на сите верски заедници во државата, вклучувајќи плати и издршка, ќе треба да плати помеѓу 15 и 17 милиони лева. Нека владата и Народното собрание проценат дали вреди Бугарија да ги дава овие пари - порача Радев.

Искра Kоровешовска

#



Останати вести
Има солидна основа за интензивна економска соработка меѓу Македонија и БиХ
Тужба против Џес Бејли и УСАИД
Еди Рама ќе прави голема Албанија - НАТО и ЕУ ни да писнат
„За заедничка Македонија“: Ние не сме од шеќер, ние сме од титаниум
Видео: Инцидент ги повлече фудбалерите на Шкендија и Вардар под трибините
Пристигната иницијатива за членови од Законот за локална самоуправа
Иванов упатил телефонска честитка до Ердоган
Не е вистина дека сме ја прифатиле тиранската платформа
Неопходно е единство и формирање на институциите
Уште тројца осомничени за грабежот во НЛБ Тутунска банка

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Donald Tramp, 20.04.2017 03:14:28
Do site patriotcinja. Da se informirate dali sme sposobni bez SAD i EU? Sugeriram site informacii da izlezat na videlina...kolku pari vleguvat vo RM direktno ... Dali sme svesni oti ke ima glad ako ne se fondovite na SAD i EU?
Најнови вести