период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 17.06.2011, 22:49

Груевски: Народот е секогаш во право и не греши

По повод 21-годишнината од постоењето, ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Музејот на современа уметност во Скопје организира прослава чиј домаќин беше лидерот на партијата Никола Груевски.

На прославата беа поканети претставници од македонската политичка, бизнис и дипломатска елита и голем број новинари.

- Родендените се моменти кога одбележуваме, се потсетуваме, прославуваме. На некој чуден начин, Бог пред скоро секој роденден ја зголемува нашата радост со по една голема победа - рече Груевски, заблагодарувајќи им се сите граѓани, без разлика дали гласале за нив и не, што на изборите покажале висока свест и докажале дека се европски граѓани.

Народот, рече Груевски, ја испрати својата порака, ја одбра опцијата на која и верува и го даде својот мандат на оваа политичка гарнитура да продолжи со реформите и со создавањето на трајни дела кои му служат на народот, кои се видливи и мерливи и кои остануваат за идните генерации.

- Кој не ја сфатил, или пак не може да се помири со народната одлука, има проблем со кој ќе треба да се справи додека го осознае. Народот е секогаш во право, но не се согласувам дека народот греши, па и тогаш е во право, како што нашиот политички конкурент, не можејќи да ја совлада сопствената ароганција и да се осврне на сопствените грешки, изјави дека народот и кога греши е во право - истакна Груевски.

Тој додаде дека целта на ВМРО-ДПМНЕ не била да ги поразат конкурентите на изборите, туку да постигнат нови успеси за Македонија и најави дека продолжуваат со уште поголема одговорност да го исполнат она што го ветиле.

- Ја имаме историската одговорност како лидери уште поинтензивно да го продолжиме општонародното движење, да ја зголемиме нашата одговорност, да инклудираме што поголем број граѓани кои веруваат и се залагаат за силна, цврста и напредна Македонија. Од сите нации и вери, без разлика на убедувања, пол, социјален статус, имотна состојба, припадност. Движењето кое почна, кое го иницираше народот, мора и ќе продолжи и понатаму. Сите граѓани имаат право на подобар живот за себе и за своите семејства и ние со сите сили ќе се стремиме тоа и да го обезбедиме. Тоа е наша обврска и одговорност. Залагање за секој граѓанин. Зборот е даден, образот мора да остане чист - рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски вети нов економски циклус на развој, стапки на раст како пред економската криза, намалување на невработеноста, намалување на даноците, раст на индустријата и трговијата и зголемени инвестиции. Најави внесување на нова енергија во редовите и исполнување на Манифестот за реформи и развој, поголема отвореност кон народот, зголемени субвенции, плати и пензии, намалени придонеси, модерни болници, грижа за пациентите, квалитетно образование и развој на културата.

Тој соопшти дека на првата владина седница ќе биде намален данокот за фирмите кои имаат годишен приход до три милиони денари и ДДВ-то за туризам и сурово масло за јадење и оти ќе има поевтинување на зелениот картон, а оние што се лекуваат во странство дека нема да плаќаат повеќе од 200 евра партиципација.

Најави дека ќе започнат и со подготвителните активности за да може од крајот на годината да му се овозможи на секој оној што сака да купи стан или куќа, а ги исполнува условите зацртани во Манифестот, да добие поволности  за половина средства за учеството во кредит и во првите пет години ратите да се плаќаат пола пола со државата.

- Во тој дух и во идниот период ќе продолжиме со уште многу други мерки, со исполнување на 1.200 проекти кои се содржани во Манифестот, кои ќе го подобрат животот на секој граѓанин, ќе продолжиме со реформите, модернизацијата, напредокот и развојот. Желбата за реформи победи, го порази минатото, ги победи политичарите од транзицијата и даде дополнителна сила на Македонија да напредува. Ќе продолжиме со работата, со уште посилно темпо, без олабавување, без задршка, посветено, чесно и достоинствено. Има уште многу да се сработи за да може да кажеме дека конечно реформите победија - нагласи Груевски.

Своето обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го започна во спортски дух нагласувајќи дека најдобриот фудбалер во Европа Лионел Меси има само 23 години, а зад себе три победи по ред во шампионската лига.

- ВМРО-ДПМНЕ освои убедливо мнозинство во Собранието и ги победува своите конкуретни шест пати по ред на изборите во Република Македонија, а денес прославува 21 година од своето постоење - рече Груевски.

#



Останати вести
Бактеријата ешерихија коли може да ја пренесе и човек
Туристичките агенции вештачки го зголемија еврото
И донел букет цвеќе, па ја ограбил
Модриќ не е за продавање
Иванов: Охридскиот договор e стремеж за стабилна мултиетничка демократија
Во Перу откриени пирамиди стари над 4.000 години
Составени елементите од споменикот „Воин на коњ“
Бугарите трошат до 50 проценти повеќе струја од просекот во ЕУ
Јубилејна 10. ликовна колонија „Аполонија“
Британските банки „бегаат“ од еврозоната стравувајќи од економски крах на Грција
При кибер напад врз „Сега“ украдени податоци на 1,3 милиони корисници
Јахјага: Поделба на Косово би предизвикала верижна реакција во регионот
Произведен „прекинувач на помнењето“
Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Велес - Скопје
Богов очекува пониска инфлација
Почнува првиот театарски фестивал ИМПАКТ ФЕСТ
Ламбринидис: Грција ќе ги реши сите проблеми
Во Аргентина запленети 440 килограми кокаин
Ејми Вајнхаус „пукна“ на концертот во Белград
Голем протест против полициската бруталност
Најавен голем протестен собир против полициската бруталност
Македонецот што спаси петмина Бугари доби бугарско државјанство
Во Софија одржана „Парада на гордоста“
И Џенова го сака Пандев
Мерцедес прави нов папамобил за Бенедикт XVI
Половина од Грците се против владините мерки за штедење
Во Иран сменет гувернер по консултација со Алах
Временска прогноза: Утре сончево и топло
Уапсени 17 лица поради навреди кон учесниците на геј парадата во Загреб
Меркел се заложи за значително учество на приватните кредитори во помошта за Грција
Трета Ѓомлезијада во Охрид
Мирсад Јонуз разрешен од селекторската функција
Примислав Димовски загуби во првото коло на ЕП во бокс
Девет лица загинаа во бомбашки напад во Кабул
Надлежноста за границата кон Македонија од КФОР на косовската полиција
Туристите од Белгија пристигнаа во Македонија
Тројца полицајци повредени во Северна Ирска за време на парадата на „Редот на портокаловите“
Ејми Вајнхаус и Моби вечерва ќе настапат во Белград
Мажите во САД растргнати меѓу работата и домот
Осум бунтовници и над 45 војници загина во либискиот град Налут
Кривични пријави за двајца скопјани за фаслификување платежни картички
Едно лице повредено во вооружена пресметка кај Мавровка
Двајца малолетници претепани на плоштадот „Македонија“ во Скопје
Претседателот Иванов ги поддржува барањата на младите што протестираат
Филе: Можна е препорака за почеток на преговори со три земји од Западен Балкан
Загина пешак на патот Тетово-Јажинце
Жан Клод Јункер предупреди дека должничката криза може да ги зафати Белгија и Италија
Санкции од ОН против Ал каеда и Талибанците
Македонскиот зеленчук безбеден за јадење
Облакот со пепел од вулканот Пајхуе го обиколи светот и се врати во Чиле
Поетесата Станковска добитничка на наградата „Празник на липите“
Венецуелските војници го задушија бунтот во затворот Ел родео
Косовската полиција наместо КФОР ќе ја контролира границата кон Македонија
Продажбата на француски носачи на хеликоптери на Русија е закана за регионалната безбедност
Почнува Европското првенство во кошарка за жени
Изложба на Ниче Василев во Гевгелија
Пристигнува групата туристи од Белгија
Временска прогноза: Претпладне сончево, попладне некаде нестабилно
Во Италија разбиена албанско-италијанска група шверцери на дрога
Грција ќе побара измени во среднорочниот план за буџетски трошоци
Анџелина Џоли во посета на бегалски камп на турско-сириската граница
ММФ прогнозира забавување на стопанскиот раст во светот

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Prost narod silna drzava!, 17.06.2011 23:00:20
Ovaj narod e zmaen i izmanipuliran i so paradlisani oci/. Koga mozete da go lazete so spomenici i so izvrtuvanje na istorijata taka mi mu treba.Nisto podobro i ne zasluzil.
3G, 17.06.2011 23:32:05
I Gruevski e vo pravo da odbere dali ke vodi partija vo pluralizam ili dvizenje vo nateganje so partija nad partiite ili pak ke vrsi reformi. Zadovolen sum sto si go zadrzav i dokazav karakterot i deka vlasta go zadrza mandatot na predvremenite izbori koi gi sugerirav no poslednite slucuvanja me teraat na seriozno razmisluvanje. Izgleda deka opstrukcijata ke vrsi permanenten pritisok i ke odrzuva kriza. Toa nema da trae cetiri godini. Mozebi najmnogu edna. Ne zaplasuvam nitu alarmiram i ostavam na sovest i izbor no sakam da recam deka jas poveke nema da imam nikakva odgovornost. A bi prezel celosna odgovornost dokolku DPMNE se odluci na reformi i spas na Makedonija od zloto. Toa zlo e sdsm a izlezot e mandatite na sdsm da se dodelat proporcionalno na vonparlamentarnite partii koi ucestvuvaa na izborite so isklucok na sdsm-OM. Izgleda deka sepak e period na moeto sesto BLADANJE od 2008 godina-pred Bukurest. No DPMNE treba da odluci a jas samo da izjavam deka poprvo ke jadam g...a i ke p
DO 3G, 18.06.2011 01:09:17
Ах бре глупчо низаеден. Додека ти, и таквите како тебе сватите кое најголемото зло во Македонија, ке биде веќе касно. СДСМ ти направи држава, во која денешните вмро-ОВЦИ се расфрлаат со народни пари. Еден ден ке биде кристално јасно кој градел, а кој растурал држава,само ке биде касно! СДСМ изгради образовен систем, Вмро-овците истите го растурија со факултети во секое село, за да допре нивниот глуп кадар до диплома ,а не до знаење. СДСМ изгради здраствен систем, ВМРО го уништи, денес права услуга ке добиеш само во приватна амбуланта. СДСМ изгради безбедносен системи, ВМРО им го даде на криминалците......до утре можам да пишам,ама ѓабе е, не го читаат ова луѓе туку стока !
Најнови вести