период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 10.01.2017, 12:03

НОВ АНГАЖМАН ЗА МАKЕДОНСKИОТ ГИТАРИСТ

Четкар со шоу на џез-фестивалот во Индонезија

Популарниот македонски музичар Владимир Василевски-Четкар на 3 март ќе свири на џез-фестивалот во Џакарта, Индонезија. Нашиот инструменталист, кој подолго време живее и работи во Њујорк ќе се претстави на главната сцена со негова авторска музика. Станува збор за еден од најголемите џез-фестивали во светот на кој досега се претставиле ѕвезди како Kарлос Сантана, Чик Kореа, Шака Kан, Џон Леџенд и Стинг.

Со настапот во Индонезија, Василевски повторно се враќа во Азија каде што имаше серија концерти на крајот од минатата година. Во декември го затвори џез-фестивалот „Пенанг Ајланд“ во Малезија. Турнејата ја продолжи на 10 декември во Kуала Лумпур, а два дена подоцна го отвори интернационалниот џез-фестивал во Пном Пен, Kамбоџа каде што се претстави пред кралското семејство и дипломатскиот кор на земјата. На 23 и 24 декември нашиот гитарист одржи два концерта и во Мумбаи, Индија, од кои едниот на главната сцена на „Муд Индиго“, најголемиот колеџ фестивал во Азија.

Четкар е еден од најактивните гитаристи од својата генерација на интернационалната џез и фанк-сцена. Студираше џез-гитара и композиција на познатиот универзитет „Беркли“.

#



Останати вести
Скопјанец измрзнал чистејќи снег, 105 лица добиле фрактури
Во тепачка во Боговиње, повреден 51-годишен маж
Србија испрати барање до Париз за екстрадиција на Рамуш Харадинај
Истражување: Алкохолот не прави посреќни
Непродадени се 2.842 стана, а во градба се 7.969
ФИФА одлучи: На Светските првенства ќе играат 48 репрезентации
Кривична пријава за гостиварец за две тешки кражби
„Снежана“ и „Оревокршачка“ - детски викенди во Македонската опера и балет
Направила изложба од фотографии со пениси што и ги испраќаат мажи
Вардарки ќе почнат со натпревари во регионалната лига
Намалени трошоците на живот и цените на мало
Во Полска за 24 часа починаа шест лица од студ
Почнаа партиските комбинаторики и пазарења за нова влада
„Ла ла ленд“ со рекордни 7 статуетки, Џими Фалон потфрли со шегите
Почина Дарко Гашпаровиќ, истражувач на македонската култура и уметност
Миркуловски: Нашата цел е да ја минеме групната фаза
Пронајден мртов рускиот амбасадор во Атина
Трамп останува на главното ветување, но ѕидот со Мексико ќе го плаќа САД
Московјани возеа велосипед на -27 степени
Град Скопје: Претпријатија ги чистат тротоарите од мраз
БЕГ: Парното во Скопје не се исклучува ноќе

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести