период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Култура
Датум: 20.03.2017, 10:16

Скулпторот Жарко Башески со прва самостојна изложба во Словенија

Изложбата „Активирање на рецепторите“ на македонскиот скулптор Жарко Башески од петокот е поставена во центарот Kibla portal во Марибор, Словенија.

Ова е прва самостојна изложба на Жарко Башески во Словенија, по успешното претставување на дел од неговите дела на изложбата MIG 21 во Марибор минатата година. Делата на Жарко Башески оставиле силен впечаток на словенечката публика, поради што бил поканет самостојно да изложува.

Словенечката публика прв пат ќе има можност да погледне изложба на хиперреалистични скулптури. Хиперреалистичната скулптура е нешто што не е застапено кај скулпторите во Словенија и затоа предизвика голем интерес кај љубителите на уметност. За време на изложбата се најавени стручни трибини меѓу уметници, историчари на уметноста и историчари, теоретичари и академици. Изложбата ќе биде отворена до 31 мај.

Башески во последните неколку години беше дел од светските изложби во повеќе градови како Монтереј, Њујорк, Прага, Париз, Билбао, Рига, Kопенхаген и други.

#



Останати вести
„Авантурите на Аладин“ - премиера на Македонскиот народен театар
Исарот конечно треба да блесне со вистинскиот сјај
Монодрамата „Господ е жив“ на сцената на Велешкиот театар

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести