период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 26.12.2016, 12:39

ПРАЗНИЧНИ ОЧЕКУВАЊА

Неколку знаци дека страдате од празничен стрес

Се ближат Нова година и Божик, и со себе носат голем број обврски и грижи за подароците, украсувањето, празничните семејни јадења, божикните колачи. Поради ова, многу луѓе се под поголем притисок отколку што може да се справат. Овие шест знаци предупредуваат дека имате голем празничен стрес и дека треба да се опуштите малку.

Преголеми очекувања

Ако во текот на целата година чувствувате стрес поради тоа што голем дел од вашите очекувања не се задоволени, во празничниот период тоа ќе биде уште поизразено. Понекогаш очекувањата се толку нереални, што едноставно не може да се исполнат. Фокусирајте се на тоа што е остварливо, а не на тоа што е идеално, во спротивно ќе мора да се соочите со големи разочарувања.

Си задавате премногу задачи

Помеѓу семејните и работните обврски и приватните и работните забави, многу лесно може да се "изгубите" во празничното време. А тука се и уште многуте обврски што треба да ги завршите, а сте ги ставиле на листата. Едвај стигнувате да јадете и да спиете. Не сте во можност с` да направите, па затоа и мора да се подготвите дека на некои работи ќе мора да им кажете "не". Затоа одредете си приоритети и држете се до нив. Ако стигнете и да се одморите, многу повеќе ќе уживате во с`.

Затегнати семејни односи

Ако имате родители, браќа и сестри кои имаат преголеми очекувања, празниците може да ги влошат проблемите поради заладените односи. Напнатоста може да ескалира, особено ако за време на празниците со семејството поминувате повеќе време заедно од вообичаеното. Не очекувајте премногу и гледајте да најдете време за себе, дури и ако имате гости.

Се откажувате од спиење и одмор за да стигнете с` да направите

Деновите кратко траат за с` што треба да направите. Има толку многу работи што ве очекуваат, па почнувате да се откажувате од спиење и одмор. Но, поради недоволниот одмор, ќе бидете уморни, во лошо расположение, раздразливи, ќе ви падне имунитетот и ќе ги зголемите шансите да се разболете. Затоа вашиот сон и одмор нека останат на прво место.

Паричникот ви е празен

Ако не сте во најдобра финансиска состојба и тој притисок ви е неподнослив, верувајте дека не сте единствените. Таквите проблеми за време на празниците им прават поголем стрес на многу луѓе, не само на вас. Очекувањата на другите не се ваш проблем, па ако не сте во можност да купите скапи подароци и играчки за децата, подарете им нешто за кое не треба пари.

* Се борите со депресија и некои други здравствени проблеми

Се очекува луѓето во овој период да се многу среќни и секогаш расположени, што е голем проблем за оние што поминуваат низ тежок период, страдаат од депресија и имаат големи здравствени проблеми. Бидете отворени и искрени кога се во прашање вашите емоции. Зборувајте со членовите на семејството и заедно пронајдете начин како ќе ги прославите празниците, на начин што ќе биде прифатлив и за вас.

(М.А.М)





#



Останати вести
Супите и медот - здрава увертира на зимското мени
Продолжениот режим на хормонална контрацепција го одложува месечното крвавење
Масло од кучешки трн - сојузник на вашето здравје и убавина
Масла и маски го намалуваат целулитот
Ублажете ги симптомите со кромид, жолчка и банани
Босилек за здраво срце

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести