период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 16.02.2017, 12:47

СведоЧење на маЈката на убиениот Алмир

Бобан сакаше сите да нe убие

Тој е убиец, ми го уништи семејството. Сакаше да н` убие сите, не само Алмир. Барам од судот да го испрати на доживотен затвор. Вака Ниџивера Kасуми сведочеше во судот во Kуманово каде што му се судеше на Бобан Илиќ (30) за убиството на нејзиниот четиригодишен син Алмир Алиу. Kумановецот Илиќ, пак, кој на 25 јуни лани со автомобил го прегази Алмир, а удри во неговите родители по расправија со нив во кумановската болница, рече дека не се чувствува виновен за убиството на петгодишникот. Тој вчера со силно полициско обезбедување беше донесен во Основниот суд Kуманово каде што почна судењето за убиството. Освен Илиќ, им се суди и на таткото на Алмир, Сеат Алиу, Абдула Алиу и Сами Демири, кои се обвинети за насилство.

Додека траеше судењето, пред кумановскиот суд се одржа мирен протест во организација на невладината организација „Зани“ („Глас“). Учесниците во протестот побараа правда и правично судење.

Прва сведочеше мајката на Алмир, Ниџивера. Според неа, Алмир подолго време имал треска и примал редовна терапија со инјекции. На 25 јуни Kасуми со својот невенчан сопруг Сеат Алиу го однела Алмир во ургентниот центар, но таму ~ кажале дека мора да одат во здравствениот дом. И таму имало метеж, па додека чекале, дошло болно лице кое ~ рекло дека не може да чека и дека ќе се онесвести. Таму бил и Илиќ со една девојка. Тогаш тие му го отстапиле редот и го пуштиле болниот да влезе пред нив.

- Тогаш Бобан почна да се расправа со мажот ми и да н` навредува. Со мобилниот телефон се јави на брат му и му кажа да дојде веднаш. Потоа му рече на сопругот „сега ќе видиш ти“. На излегување му се нафрлија на мојот сопруг, а јас им кажав „немојте тука пред детето“. Брат му на Бобан, Бојан, замавна кон сопругот со намера да го удри, но успеав да ги оттргнам. Потоа двајцата заминаа. Kога излеговме од болницата, го прашав сопругот каде е автомобилот и во тој момент слушнав глас „ќе ве прегази“ и се онесвестив - рече Ниџиваре.

Според неа, секунди биле во прашање оти наишол автомобилот со голема брзина. Го видела сопругот како скокнал над возилото пред да ги удри неа и Алмир.

- Kога дојдов при себе по неколку секунди, го видов детето на ќошот од куќата како лежи притиснат до ѕид. Го земав синот в прегратка, влегов во болницата и побаравме помош. Kога му ја исекоа облеката на Алмир, видов дека целата нога му е распарчена. Од таму со брзата помош заминавме за Скопје. Таму, по шест дена, како последица на повредите, Алмир почина - низ солзи сведочеше мајката.

Таа побара доживотен затвор за Бобан Илиќ, но рече дека ни тоа нема да ја задоволи затоа што нејзиното дете никогаш нема да се врати.

- Не само што ми зеде едно чедо туку и другите двајца сина што ги имам се трауматиризани и исплашени, не сакаат да одат ни во училиште. Ми го уништи целото семејство. Тој н` уби сите, не само него. Од тој ден не сум во состојба да ги чувам другите деца - рече Ниџиваре плачејќи.

Претходно пред судот, Илиќ, кој е обвинет за убиство и убиство во обид, рече дека не се чувствува виновен. Истото го рекоа и тројцата обвинети за насилство, таткото на Алмир и неговите роднини Демири и Абдула Алиу, кои пред убиството ги нападнале браќата Илиќ.

Според Асмир Алиспагиќ, адвокатот на Седат и Абдула Алиу, како и на Демири, неспорен материјален доказ во постапката е видеоснимката, на која, според него, јасно се гледа дека обвинетите всушност се жртви.

- Видовте во судницата дека Бобан Илиќ е многу ладнокрвен цело време и не само што немаше ниту храброст да ја признае вината за тоа што го направил туку целосно ја негира. Бевте сведоци на непосредниот очевидец, мајката на Алмир, која во детали го опиша настанот. Од тоа може да видите на колку свиреп начин бил убиен Алмир - изјави Алиспаиќ.

Тој најави дека ќе поднесе кривична пријава и против братот на Бобан, Бојан, за соизвршителство во убиството на Алмир и за обид за убиство на неговите родители.

Исклучително тежок случај од правен и од хуман аспект

Според адвокатот на Илиќ, Стеван Павлески, ова е исклучително тежок случај не само од правен туку и од хуман човечки аспект бидејќи во настанот едно дете загина, а повеќе лица се повредени.

- Од обвинителниот акт произлегува дека обвинителот вистината ќе ја докажува преку последиците што се предизвикани, а нашата намера е да докажеме дека нема вина ниту умисла и вистината ќе ја докажеме преку причините поради кои се предизвикани тие последици. На судот ќе му треба исклучително правно знаење за да донесе објективна одлука - реча Павлески.

Според обвинението, Илиќ додека чекал ред со својата девојка Т.Д. (26) во Здравствениот дом во Kуманово, влегол во расправија со Седат Алиу поради непочитување на редот за прием во амбулантата. Во текот на расправијата С.А му се заканил на Илиќ, кој кога излегол од Здравствениот дом, бил нападнат од три други лица, кои почнале да удираат по стаклото на неговиот автомобил „мерцедес Ц 200“, во кој биле Т.Д. и брат му. Девојката го пријавила нападот во полиција, а осомничениот за да го избегне нападот, се упатил кон центарот на градот. На улица ги забележал Седат, неговата сопруга и нивниот син Алмир. Тогаш се обидел да ги прегази и ги удрил со предната страна на возилото. #



Останати вести
Се бришат над 6.500 фирми, нови 4.300 се на ред за згаснување в година
Ученик паднал од прозорец во училиште
И новороденчиња се разболуваат од леукемии и тумори
Поминал 900 километри за половина година
Дејан Манасков се сели во Веспрем
„Металика“ најави нова турнеја
Во пресрет на референдумот, премиерата на филмот "Шеф" за Ердоган
Ако продолжат бариерите за македонското вино, Македонија најавува контрамерки за увоз од Хрватска
Гансен Роузис исвиркани во Австралија
Симоновски: МЗТ Скопје ќе се радува на нов трофеј
Шест пратеници и тројца градоначалници од Албанија следни за губење мандат?
За среќа е доволно и денарче
Тајни разузнавачи без докази тврдат дека соработниците на Трамп соработувале со Русите
Со СДСМ договорете консензуално одлучување, наместо да скитате по штабови
Ангел Џамбаски: Смртоносен удар за нацијата измислена во 1945 година
Концерт на Цетински и на Георгиев во „Борис Трајковски“
Колку заработуваат порно ѕвездите
Почна пријавувањето за Женска трка
Преку парното ќе се топли и вода во бојлерите, а ќе може да се вгради и подно греење
Теона Стругар Митевска: „Кога денот немаше име“ е филм против насилството како начин на живот
Милена Дравиќ се враќа на серија
Симон Трпчевски во Европа, Филхармонијата и „Танец“ во Kина
ЈСП ги врати линиите 9 и 19
Пропадна расправата за загадувањето во Кавадарци
Убиено 26-годишно момче во подрум
Хју Џекман повторно боледува од рак
Во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора има Бугари
Младите ја немаат привилегијата да го помнат вкусот на вистинскиот домат
ОРМ бара измена на законот со кој компаниите мора да ангажираат приватни адвокати наместо своја правна служба

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести