период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 10.01.2017, 16:53

ПОСТИЗБОРНО

Груевски со поддршка од коалициските партнери

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска одржува средба со лидерите на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“. Фокусот на средбата е на резулатите од предвремените парламентарни избори, а во пресрет на започнувањето на преговорите за формирање нова влада.

- Главна тема е анализата на изборните резултати, односно сите претставници на политичките партии ги предочија своите видувања околу ангажманите и резултатите и за сето она што се случи во Република Македонија на денот на изборите. Беа давани различни идеи како од тука натаму коалицијата да постапува, при што беше потврден целокупниот легитимитет и целокупната поддршка која што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ сега како мандатар ја има од коалицијата „За подобра Македонија“, изјави Илија Димовски, член на Извршниот комитет на партијата и пратеник.

Во однос на најавеното отпочнување преговори за формирање влада со ДУИ, Димовски рече дека насоките за преговори се составен дел од Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

- Доколку ме прашувате во врска со позициите на ДУИ, би сакал да кажам дека ние ги соопштивме нашите ставови преку интервјуто на претседателот Никола Груевски. На денешната средба видливо беше негодувањето, посебно од страна на претставниците на политичките партии кои ги претставуваат помалите етнички заедници, рече Димовски. 

#



Останати вести
Kога кај нас би било минус 7 како во Скопје, би шетале по кратки ракави
Груевски и Ахмети лично ќе ги водат разговорите
Голема Албанија, голема Србија и голема Хрватска со поделба на Македонија како решение за Балканот
Kоцијанчич: Новата влада да има широка политичка поддршка
Ќе преговараме прво со ВМРО-ДПМНЕ, но има и опција за нови избори
Од петок мало затоплување и обилни врнежи од снег

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Od Italia, 10.01.2017 18:24:24
Se nadevam deka samo porakite so komplimenti nema da izleguvaat? Ubavo e da se vidime sploteni pa makar toa da bide i ista strana so edna vakva siroka koalicija. Se nadevam deka nekoj se setil da dade predlog da se upati protestna nota do Amerika, Nato, Opse i EU za poslednite mesanja na celnici od drugi zemji vo nasite vnatresni raboti. Do koga ke molcime ???
GOCE SHESHKO, 10.01.2017 20:56:04
Nikoj, ama Nikoj nemozi da demenitra deka Nikola Gruevski ne e Pobednik. Posle tolku truenje na narodot, tolku potroseni milioni evra od Sorosodovistite, tolkavi Bombi od Zaev i SDSM, tolku valkani/pogani zborovi protiv VMRO DPMNE i Gruevski ama pak do pobeda. Ako e mozno da se sostavi Vlada ovaa pobeda na Gruevski so Koaliciskite Partneri ke bidi najblagata POBEDA. Slusam i gledam kako Sarenite na Zaev i Soros so zakana pod nikoja cena Gruevski Premier i partijata VMRO DPMNE ke se zabranelo da Funkcionira, da postoi. EEEE Komunisticka umrena zakana. Gruevski ke odel vo Edrizovo, neznam uste sto ne, toj glaucot Branko Geroski, da mu se sotri Familiarnoto seme. G-din Gruevski glavata gore i samo napred, nie cesnite Makedonci sne sotebe, KOGA KE NE POVIKAS SNE SPREMNI DA DEJSTVUVAME, NE IMA SO ILJADNICI. Pozdrav
Најнови вести