период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Хроника
Датум: 19.05.2017, 12:22

За пустошот што го правел на Широк сокак

Сериски крадец осуден на две и пол години затвор

Битолчанецот Р.М. (35) повторно ќе мора да оди во затвор, оти во Основниот суд во Битола за серија кражби е осуден на затворска казна од две и пол години. Покрај затворската казна Судот одлучил тој да им ја надомести штетата на сопствениците на објектите од кои крадел, како и да ги надомести трошоците на судската постапката.

Нему, како што стои во судската пресуда, му се суди за 11 тешки кражби, кои ги извршил минатото лето провалувајќи во повеќе дуќани и други деловни објекти лоцирани на Широк сокак. Од таму крадел с` што ќе му дошло при рака - од пари, па до пијалаци и прехранбени производи.

Според обвинението, кражбите ги вршел ноќе или во раните утрински часови кога немало движење низ чаршијата. Во објектите провалувал на идентичен начин. Со алат ги кршел катанците и бравите и влегувал во дуќаните.

Токму поради ваквиот начин на провалување полицијата утврдила дека во дуќаните влегува едно исто лице. По неколкунеделната истрага, тој бил уапсен, а подоцна и изведен пред битолскиот суд.

Во судница тој признал дека крадел и рекол дека се кае, но дека тоа го правел за да преживее.

Според судот, Р.М. е познат сторител на кривични дела, за што досега му биле изрекувани различни казни, од воспитни до повеќегодишни затворски казни. (П.А.Л.)

#



Останати вести
Тинејџер без возачка со автомобил покосил жена на тротоар
Се обидел да ја спаси колешката, па го проболе со нож во стомакот
Нападнатите новинари на А1он повикани во ОЈО да дадат исказ
СЈО поднесе жалба на одлуката за Сеад Кочан
Кривична пријава за учесник во инцидентите во Собранието кој насилно ја отворал вратата
Го бодел со нож зетот во болница

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести