период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 18.05.2017, 15:44

ЕK ја казни „Фејсбук“ 110 милиони евра поради лажни информации

Антимонополските регулатори на Европската Унија (ЕУ) изјавија дека ќе ~ изречат казна од 110 милиони евра на „Фејсбук“, соопшти „Ројтерс“.

Kазната е поради давање лажни информации за купување на апликацијата за пораки „Ватсап“ во 2014 година додека Европската комисија проучуваше дали да го одобри договорот.

Европската комисија ја нарече казната пропорционална и разубедувачка и соопшти дека во тоа време компанијата „Фејсбук“ изјавила дека не може автоматски да поврзува кориснички профили од својата истоимена платформа со „Ватсап“, но две години подоцна почна да дава услуга која го прави токму тоа.

Kомисијата утврди дека спротивно на тврдењата на „Фејсбук“ во 2014 година за време на разгледување на процесот на спојување, техничката можност за автоматско поврзување на профилите на корисниците на „Фејсбук“ и „Ватсап“ веќе постоела во 2014 година, а тимот на „Фејсбук“ бил свесен за таа можност.

- Денешната одлука испраќа јасен сигнал до компаниите дека тие треба да се усогласат со сите аспекти од правилата на ЕУ за обединување вклучувајќи обврска да обезбедат точни информации. Kомисијата треба да може да донесува одлуки за ефектите на обединување на конкуренцијата со целосно познавање на точните факти - изјави Маргрете Вестагер, еврокомесарка одговорена за антимонополска политика.

Kазната нема да ја поништи одлуката на Kомисијата да даде зелено светло за купување на „Ватсап“ и не е поврзано со други истраги по прашањата за заштита на податоците, додаваат од Kомисијата.

#



Останати вести
На хартија мед и млеко, во пракса економската програма зависи од многу фактори
Над 60 компании бараат работници на Саемот за вработување
На сметките на земјоделците легнаа 7,5 милиони евра субвенции
Британските отворени фондови патат од слаба ликвидност
Најбогатите луѓе во светот загубија 35 милијарди долари за еден ден
„Турски тек“ и „Северен тек 2“ ќе ги испразнат гасоводите во Украина, Полска и во Бугарија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести