период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 18.05.2017, 15:44

ИНВЕСТИТОРИТЕ ЗАГРИЖЕНИ

Британските отворени фондови патат од слаба ликвидност

Во јуни 2016 година менаџерите на фондовите за инвестиции во недвижности се состанаа за да изнајдат варијанти како да се справат со евентуалната криза ако Британците на референдумот за брегзит поддржат напуштање на Европската Унија (ЕУ). Главните стравувања беа дека ќе се повтори падот од 2007 година, кога фондовите мораа итно да го продадат имотот. Тоа придонесе за притисок врз и онака паднатиот пазар, потсетува „Фајненшл тајмс“ (ФТ) во својата анализа.

Kога стана јасно дека 52 процента од Британците поддржаа излегување од ЕУ, пазарот го зафати паника поради капиталните вредности на недвижностите. Малите инвеститори почнаа масовно да ги повлекуваат вложувањата од отворените фондови и седум од пазарните лидери беа принудени привремено да престанат со откуп. Kога состојбата на пазарот се смири, фондовите ги обновија своите активности. Некои од нив во меѓувреме ги продадоа средствата за да обезбедат кеш.

Оттогаш до сега менаџерите на фондовите редовно се среќаваат за да разговараат за следните чекори во заднина на несигурноста на индустријата.

Регулаторите одамна стравуваат за потенцијалните ризици што се отвораат пред фондовите поради нивната слаба ликвидност. Многу често продажбата на имот трае со месеци, што практично може да ги блокира нивните активности.

Централната банка на Велика Британија предупредува за ризиците од 2015 година и токму пред референдумот за членството во ЕУ, исто така, побара од фондовите да разговараат за проблемите со ликвидноста.

Во февруари регулаторот во секторот почна дискусија за неусогласеноста во ветувањата на фондовите брзо да ги исплаќаат парите на инвеститорите и брзината со која може да ги претвораат активите во кеш.

Некои од отворените фондови стравуваат дека регулаторот ќе воведе некакви забрани. Телото, сепак, навести дека ќе побара фондовите да ја модифицираат својата структура.

Истовремено, Асоцијацијата на инвестициските фондови од секторот на недвижности на Островот почна посебна консултација. Една од можностите што ја нудат членките е да се прекинат случаите во кои се овозможува пристап на инвеститорите до нивните средства во секое време и без никакви услови.

Оваа можност во моментов ги принудува фондовите да држат значителен дел од средствата во кеш за да не може да ги инвестираат. Тоа го отежнува претставувањето на фондовите и потенцијалното враќање на инвеститорите, посочува ФТ.

Во минатата година, кога отворените фондови за инвестиции во недвижности запреа со откуп, се покажа дека некои од нив задржале една петтина од своите средства во кеш.

Дискусиите се фокусираат и на тоа како недвижностите можат да бидат оценети во периоди на слаба ликвидност на пазарот. Иако самите менаџери како можност ја наведуваат вредноста на имотите да падне поради брегзит, недостатокот на трансакции пред референдумот го отежнува процесот на оценување.

Во заднината на сите дискусии се гледа дека, сепак, инвеститорите не се воопшто загрижени. По привремениот прекин, отворените фондови повторно привлекуваат вложувања бидејќи инвеститорите повлекоа само мал дел од парите во споредба со 2007 година.

#



Останати вести
На хартија мед и млеко, во пракса економската програма зависи од многу фактори
Над 60 компании бараат работници на Саемот за вработување
На сметките на земјоделците легнаа 7,5 милиони евра субвенции
ЕK ја казни „Фејсбук“ 110 милиони евра поради лажни информации
Најбогатите луѓе во светот загубија 35 милијарди долари за еден ден
„Турски тек“ и „Северен тек 2“ ќе ги испразнат гасоводите во Украина, Полска и во Бугарија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести