период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 19.05.2017, 18:26

ИГНАТОВИ ОД KОЧАНИ СЕ БОРАТ СО БОЛЕСТ И СИРОМАШТИЈА

Бабата Христина и дедото Јован ја чуваат од бебе, а Јована ги вика мама и тато

Животот знае да биде суров кон луѓето, но кога ќе си поигра со судбината на дете, не може да не се прашате зошто и кому му згрешило тоа невино суштество? Таков е животот на 13-годишната Јована Игнатова од Kочани, дете со посебни потреби, кое расте со баба и дедо во сиромашни услови, во една соба. До пред една година немале ниту кревет, па Јована гушната со баба ~ и дедо ~ спиела на под, на ќебиња.

Дедо Јован секој ден ја носи со велосипед на училиште

Дедо Јован и баба Христина и се с` на светот. Ги вика мама и тато бидејќи се единствените блиски што ги има. Ја растат од една година, кога ~ се разделиле родителите и секој фатил пат на друга страна. Баба ~ чисти по куќи во Kочани за да заработи за живот.

- Kолку ќе ~ дадат толку. Некогаш се 200, некогаш 300 денари. Чисти по цели денови за да имаме леб да јадеме - вели дедото на Јована, Јован, 55-годишен човек, кој изгледа многу постаро за своите години.

Тој со многу љубов и емоции зборува за Јована, која го носи неговото име.

- Ја чуваме од една година. Таа е дете со посебни потреби, покрај ментален хендикеп, има и епилепсија и страбизам. За жал, нејзините родители не се грижат за неа, но ние сме тука да ~ го олесниме животот колку што можеме - вели тој.

Дедо Јован, секој ден Јована ја носи на училиште во основното училиште „Малина Поп Иванова“, каде што има паралелка за деца со посебни потреби. За Јована нема превоз до училиштето, кое е оддалечено десетина километри од нивниот дом. Секој ден и на сонце и дожд и снег и мраз, Јована седнува на својот велосипед, а дедо ја вози до училиште.

- Сум прашувал дали може да се обезбеди превоз, но ми рекоа нема, па што да правам, секој ден ја носам и ја земам со велосипед - вели Јован.

Таа е постојано со насмевка

Високо црнооко девојче насмеано н` пречекува на врата кога влегуваме во домот на Игнатови во Kочани, во маало сместено на улицата 14. бригада. Тука сите куќи се пред распаѓање бидејќи главно живеат социјално загрозени семејства. Таков е и домот на Јована и нејзините старатели. Се чини дека на Јована ништо не ~ пречи бидејќи таа постојано е насмеана. Седната на столче пред вратата воскликнува од радост кога ~ подаваме розов ранец и училиштен прибор.

- За Јована треба посебна грижа, добра исхрана, лекови. Имунитетот ~ ослабува често. Тешко ни е да ја гледаме болна како се мачи, но тоа е судбина. Од судбина не се бега - раскажува дедо Јован.

На Јована сега ~ е одобрен посебен додаток за дете со посебни потреби, парична помош што ја доделува државата. Дедо Јован година и пол водел правни битки со институциите бидејќи без никаква причина оваа помош им ја укинале. Kонечно победил, па Јована повторно по пауза од една и пол година ќе добива помош што ја троши на прегледи и лекови. Јован вади од една чанта купче документи кои сведочат за правните лавиринти низ кои талкал до конечната победа. Во друга папка ја чува сета документација за здравствената состојба на Јована.

- Тука се сите прегледи, сите документи од болниците од нејзината прва година, па с` до сега. Не сме пропуштиле ниту еден преглед ниту во Штип, Скопје или Kочани. Нејзиното здравје е на прво место - вели тој.

Сосетката често им помага

Домот и условите во кои расте Јавана се приказна за себе. Имаат само една соба во која јадат, спијат, одмораат. Сите тројца спијат на еден кревет, кој им е донација. Нивната сосетка Розета Арсова, која често им помага, вели дека до лани спиеле на под.

- Успеавме да добиеме кревет како донација, но ним им треба многу повеќе, тие едвај преживуваат, а куќата е во очајна состојба - вели Арсова.

Тоалетот е практично ходник кој води до мини кујна, која е на отворено, па потоа е влезот на собата. Ходникот е отворен, а низ една огромна дупка се гледа земјена патека што води до ридот на кој е изградена куќата. Kога врне, вода и кал им влегува низ таа дупка директно во ходникот на кујната, а и внатре во собата каде што спијат.

- Лани кога беа големите врнежи, сета вода ни влезе дома. Јована неколку дена спиеше кај сосетката Розета додека не исчистивме. Потребно е да се затвори онаа дупка која води кон ридот, но немаме средства за тоа. Треба потпорен ѕид да се направи - вели Јован.

И тој е со нарушена здравствена состојба, па не може да работи физичка работа.

- Kога можам подработувам нешто за ситна пара, но постојана работа не можам да најдам. Треба и некој за Јована да се грижи, сама не можеме да ја оставаме. Затоа сопругата Христина, која еве и сега е на работа, успева барем за леб да заработи чистејќи по куќи. За Јована барем мора да има - завршува дедо Јован.

Скромна донација

На семејството Игнатови им однесовме скромна донација од малку храна и средства за хигиена, подарок од Македонка од Америка, соработничка на порталот „Премин“. Јована најмногу му се израдува на ранецот и приборот за на училиште. Успеа да ни каже благодарам, повторно со широка насмевка.

- Таа е дете со ментален хендикеп, но толку љубов има во неа, не можам да опишам. Многу ги сака своите чичко и нина и братучедите што живеат до нас. Тоа е мојот помал син, кој ни помага кога ќе ни притреба нешто, но и тој има семејство на кое му е потребен - објаснува дедото на Јована.

Милена Атанасоска-Манасиева

#



Останати вести
Има ли место за држава Kурдистан на блискоисточната мапа?
Повеќе нe загадуваат оџаците на куќитеотколку рудниците
Kој од тие што „јадат живи луѓе“ ќе добие ролја директор на МНТ?

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести