период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Македонија
Датум: 11.01.2017, 14:53

БИГОРСKИ МАНАСТИР ДОБИ НОВА РЕЗБА

Kопаничарот Новица седум години ја резбал целивалната

Нова целивална, резбан исконостас за иконата на Пресвета Богородица, деновиве доби македонско древно светилиште, манастирот „Свети Јован Kрстител“, попознат како Бигорски манастир. Спроти големиот православен празник Христовото раѓање, Божик, манастирот доби целивална, која речиси и да не се разликува во изработката од епохалното дело на Петре Филипов - Гарката, кој го изработил највеличествениот иконостас во манастирската црква.

Овој мал иконостас за иконата на Пресвета Богородица го изработи познатиот македонски копаничар, стружанецот Новица Столески, кој на ова скапоцено дело посвети цели седум години деноноќен труд, а како што велат од Бигорското семејство, за овој подвиг дури и се откажал и од своето работно место како подрачен директор на една голема компанија за мобилна телефонија.



- Слободно би можеле да кажеме дека речиси се повтори делото на великанот на црковниот дрворез, Петре Филипов - Гарката, и воскресна едно најтаинствено и најпрефинето во светски рамки копаничарско предание - преданието на уникатната мијачка резбарска школа. Иконостасот за иконата „Достојно ест“ се одликува со мошне длабока резба, идентична со онаа на главниот иконостас, така што до ситници е запазен размерот на длабочината, поставеноста на елементите, флоралната орнаментика, извесни минијатури, внатрешните спирални носачи на столбовите. На новата целивална се прикажани настани и мотиви од чудото на Пречистата, поврзано со Нејзината света икона, која во Бигорски пристигна точно пред седум години - објаснуваат од Бигорското семејство.



По идеја и во советување со Партениј, авторот Столески изработил вистински живопис во оревово дрво на чудесното собитие како еден вид надополнување на приказот од самата икона.

Од Бигорски потврдуваат дека копаничарот Столески, кој повеќе од 30 години професионално се занимава со оваа благородна и ретка дејност и умешност, со години го проучувал делото на најпознатите мијачки резбари, многупати набљудувајќи го со часови бигорскиот иконостас.

Сега нов претстоен подвиг за него ќе биде изработката на слична целивална и за чудотворната икона на св. Јован Kрстител, која, според атонското правило за литургиско уредување на храмот исто така ќе стои во наосот од десната страна пред иконостасот каде што и му е местото.

#



Останати вести
Во Kочани повеќе венчавки и крштевки, а помалку погреби
Целосно ќе бидат обновени улиците во Чалошево и Мамутчево
Цевководот што го оживеа Дојранското Езеро ќе произведува струја

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести