период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 20.04.2017, 16:16

АЛБАНИЗАЦИЈА НА МАKЕДОНИЈА

Зошто се бара двојазичност?

Државите може да функционираат и да опстанат само ако е овозможена нормална комуникација меѓу граѓаните. Тоа значи дека сите треба да се разбираат на еден јазик. Ова не важи за федерациите кои се поделени во одвоени целини. Во нив, обично, се зборува еден јазик, а на федерално ниво се изнаоѓа некаков modus vivendi поради реализација на заедничките интереси.

Индија е одличен пример. Таму се зборуваат преку 200 јазици, најмногу се користи хинди ама сите се разбираат преку англискиот! Тој е клучот за меѓусебната комуникација. Тоа е една од ретките позитивни последици на колонијализмот во оваа земја. Во Југославија, на пример, српско-хрватскиот јазик беше прифатен за користење во органите на федерацијата, во армијата и дипломатијата. Истовремено, во Македонија се зборуваше на македонски, во Словенија на словенечки... Ако ние и тие зборувавме на нашите јазици во Белград, Југославија многу порано ќе се распаднеше како нефункционална држава.

Македонските голготи почнаа по распадот на Југославија (непризнавање, суспензија на името...), а во трагедија се претворија со војната од 2001 преку Охридскиот рамковен договор (ОРД). Тој е меѓникот од кој почна забрзаното уништување на Македонија и нема сомнеж дека историјата жестоко ќе ги осуди неговите потписници. Тие не разбраа ниту дека „рамковен“ беше намерно наречен бидејќи планот беше да се шири. Мораме да се држиме до потпишаното, ама не смее да се дозволуваат нови нелегитимни барања. ОРД беше мировен договор и неговата улога заврши со преточувањето во Уставот и законите. Сите ни повторуваат ОРД, ОРД... а ние дозволуваме да н` уценуваат со нешто што е потрошено и беспредметно.

По ОРД, сите Албанци што се на чело на државни институции или јавни претпријатија, истите максимално и без скрупули ги албанизираат. Албанскиот јазик го користат како рамноправен на македонскиот, игнорирајќи ги Уставот и законите. На мала врата, тие ја воведуваат двојазичноста како силен исчекор кон федерализација. Фактот што така се однесуваат апсолутно сите функционери Албанци, без исклучок, е крунска потврда дека се работи за строго дефинирана политика на ДУИ, а не за изолирани лични злоупотреби. Власта замижуваше на ваквото нивно однесување, а опозицијата им се умилкуваше критикувајќи ја власта дека е – антиалбанска! Македонскиот синдром на самоуништување функционира беспрекорно во сите услови.

Игнорирање на правниот поредок

Примери за албанизирање на институциите има безброј, секојдневно. Бесими, како министер за одбрана дури и на војниците им се обраќаше на албански, што е чиста бесрамност, а Белата книга за АРМ, наменета за НАТО, незаконски ја објави и на албански. Името на Тетовскиот државен универзитет е прво на албански, меморандумите на министрите се (и) на албански... Имаме и најнови примери (април 2017): инцидентот во Охрид со нелегалниот натпис и на албански кој беше искршен и оглас во весниците на Министерството за екологија на двата јазика... Тоа се директни игнорирања на правниот поредок на државата, на кои никој не реагира. Затоа следеше и тиранската платформа.

Заклучокот е лесен: двојазичноста е процес кој е нелегално почнат по ОРД и упорно се спроведува, а тиранската платформа е обид за негова легализација. Изедначувањето на албанскиот јазик со македонскиот, за што нема никаква правна основа, освен големоалбанските аспирации, ќе го уништи македонскиот карактер на државата. Целта е албанското малцинство да стане државотворен народ, а државата бинационална и двојазична, што практично значи и федерација. Двојазична држава – не може да биде унитарна.

Не треба да имаме дилеми дека албанските партии сето тоа го прават со директна поддршка од Вашингтон. Да потсетиме дека САД го признаа нашето уставно име со единствена цел да не успее референдумот против новата погубна административна поделба (ноември 2004). Историски погрешно, со истата се дозволи албанизирање на Струга, Kичево, Скопје... Одиграа шаховски: името ни го признаа само делумно и привремено за делови на Македонија неповратно да се албанизираат. Слично, за независност на Kосово, беше бомбардиран и Белград. Тоа се кристални докази дека Вашингтон игра на карта на Албанците во регионов и, во тој контекст, целосно стои и зад федерализација на Македонија. Тоа не го гледа само тој што не сака да го види.

Што практично ќе значи двојазичноста во Македонија?

Ако тоа се дозволи, во државната администрација, во јавните претпријатија и во сите институции на системот (образование, култура, здравство...), Албанците секаде ќе зборуваат и пишуваат на – албански! А ако некој од нив ќе сака да зборува на македонски, другите сигурно ќе го спречуваат. Покрај тоа, тие сосема ќе престанат да го учат македонскиот јазик со што ќе се отвори патот за целосна нефункционалност на државата што неизбежно ќе води до нејзин распад. Македонците ќе станат странци во сопствената земја. Ќе мора да учат албански, ако сакаат да се разберат со малцинството.

Сосема со право, Албанците како лекари на пациентите, како кустоси на посетителите, како шалтерски службеници на странките... ќе им се обраќаат на албански. И, нормално, ќе очекуваат на ист начин и да им се одговори. Или, сите ќе бараат преведувачи. Тоа ќе значи дека сме два света кои меѓусебно не може да се разберат. Во институциите на системот ќе настане вистински хаос. Нема да се знае кој што работи и зошто. Хиерархијата нема да може да функционира. Траумите ќе бидат секојдневни. Ќе престане нормалниот живот. Ќе почне процес на целосна, дефинитивна и неповратна поделба на општеството. И Македонците, и Албанците ќе бидат присилени да општат главно меѓу себе. Во такви услови федерализацијата и отцепувањето ќе се наметнат дури и како единствено решение! И, еве ти ја голема Албанија. Мудро, зар не? Македонија уништена без војна, мртви, руини...! Со итрина.

За среќа, тоа е само американска утопија. Разбивање на Македонија, преку двојазичност и федерализација, не е можно без нова стравотна балканска војна. Ако Албанија зграби дел, Грците, Бугарите и Србите ќе дојдат по својот и нема шанси да се договорат што е чие. Ќе се вратат и македонските комити. Ќе следи долготраен пекол кој ќе ја дестабилизира цела Европа. Ако тоа се сака, сегашната политика на албанизација и федерализација на Македонија е навистина добра. Арно ама, тоа ќе биде на штета на сите. Долги години ќе бидат изгубени, со огромни жртви и материјалните штети. Најверојатно, Албанците најмногу ќе загубат! Сите ќе бидат против нив – и Србите, и Бугарите, и Грците и Македонците.

Позитивната страна на агресијата

Големоалбанскиот шовинизам добива на интензитет по распадот на Југославија (Илирида, паравојска...), ама с` до 2001 речиси сите го учеа и зборуваа македонскиот јазик. Тој беше обединувачки фактор. По ОРД, Албанците организирано и масовно престануваат да го учат. Тие се затвораат во гето како етапа во создавањето услови за постапна федерализација. Со тиранската платформа, пак, покажуваат дека е дојден моментот за тоа.

Нашите големи американски „пријатели“, при насилното подметнувањето на ОРД не можеа никако да го оспорат унитарниот карактер на Македонија. Без тоа, договорот немаше шанси да им помине. Затоа, ОРД го формулираа на подол начин кој ќе овозможи билингвалност и федерализација во блиска иднина која, еве, доаѓа. Токму за таа цел, сосема намерно и плански, македонскиот јазик не го поставија како клучен стожер за меѓусебна комуникација и услов за опстанок на целосно редефинираната држава. Тоа не им одговараше бидејќи ќе се задржеше македонскиот карактер. Отворија широк простор за тиранската платформа и прашање беше кога, а не дали таа ќе се појави и како ќе се вика. Тоа беше проста манипулација ама невидлива за македонските „експерти“ и „политичари“ кои преговараа во Охрид. Американските „посредници“ отворено работеа за Албанците кои, пак, имаа и свои главно американски советници, кои сигурно координираа меѓу себе. Македонската страна, пак, го имаше надарениот Фрчкоски, кој знаеше с` ама немаше благ поим што (ни) се случува. Така, поразот беше неизбежен.

ОРД лесно може да се покаже како почеток на крајот на Македонците. За среќа, с` уште имаме можност, ако не целосно, барем доволно, да ги исправиме тие историски неправди и грешки. Затоа, албанската агресија, трасирана со платформата од Тирана, има и позитивна страна. Ни дава неочекувана шанса, додека не е предоцна, да се освестиме и одлучно да кажеме – доста беше! Не смееме повеќе да ја губиме матичната држава без ништо да преземаме! Мора да се бориме за тоа што природно ни припаѓа и што нашите пра, пра... дедовци ни го оставиле во аманет. Народот на улиците нека биде нашата совест која се буди и е готова да им стави крај на погубните процеси иницирани од Вашингтон, слепо поддржани од Брисел и реализирани од Тирана и овдешните Албанци со помош на домашни предавници. Без тоа, прекрстувањето на државата и разнебитување на македонскиот народ се на врата. Тоа неизбежно води во дефинитивно затворање на „македонското прашање“.

Прва задача мора да биде детаљна контрола на спроведувањето на катастрофалниот закон за знамиња, со кој беше прифатено туѓо државно знаме како национално на Албанците во земјава. Последиците се стравотни. Македонското го игнорираат и, кај и како ќе стигнат, си го веат знамето на матичната држава, одбележувајќи практично албански територии! Тоа мора итно да се спречи.

Ужасен е фактот што опозицијата е на погрешна страна. Ама, и без неа, мораме да тргнеме во офанзива. Сите факти и аргументи се на наша страна и треба да ги искористиме. Честите изјави на албанскиот премиер, со кои вулгарно се меша во Македонија користејќи безобѕирни лаги, се директни потврди дека платформата е – тиранска и дека се реализира големоалбанскиот проект.

Целта не се никакви лични права туку целосно уставно преуредување на Македонија што, обично, се прави со војни (2001). Ако го дозволиме тоа, самите ќе бидеме виновни за губењето на сопствената држава.

По кој знае кој пат, пак ние сме на потег.

Ристо Никовски

#



Останати вести
Ако пишува „не фаќај“, тогаш не фаќај
Агентот Тесла ќе лета за Вашингтон како личен багаж на Бејли

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
George Nauman, 20.04.2017 20:45:50
Г-н Никовски, слична држава како Македонија во која што се користат 4 јазици е Сингапур, но Англискиот (како заостаток од колонијализмот) е единствен службен во администрацијата, војската, итн. Во Македонија тоа би бил Турскиот, но споредбата е сосема поинаква. Затоа, МОРА да се истрае на тоа единствен службен јазик да биде Македонскиот. Покрај тоа јас би сакал да ја уништиме корупцијата како што тоа го направи Сингапур, да ја развиеме економијата исто на тој начин, а исто и одбраната. Во меѓувреме се надеваме дека досегашната владеачка партија се опамети од попуштање (само се плашам да не служеа на ист газда), а причина за ситуацијата се нашите политички поделби ... албанците се големи опртунисти, а секако и перфектни слуги. За да се опаметат нашите и да им оладата главите, веќе неколку пати предложив (нпр. во коментари во Дневник) да се бара воведување на мораториум на менување на границите на Балканот за 99 години. На овој начин многу ретроградни процеси ќе бидат запрени.
do Risto, 21.04.2017 03:16:10
Bravo za kolumnata.Nekoi neshta si gi napishal kako prethodno da si chital nekoi moi komentari napishani vo eden drug vesnik.
Tunta Kosturski, 21.04.2017 08:39:23
Ne pametam nekomu da mu naštetilo poznavanjeto na jazikot. Naprotiv duri i poznavanjeto na albanskiot može da bide samo golema pridobivka za Makedonecot, a ne negov hendikep. Naprotiv, nepoznavanjeto na albanskiot i upornoto odbivanje da go naučat im našteti na Srbite na Kosovo, pa go izgubija odnovo posle 1389, ovoj pat bez bitka. Iako nivna e izrekata „koliko jezika znaš...“.Namesto državata samata da go finansira i propagira izučuvanjeto na albanskiot уште во основно обраѕование kako potreba i како nešto od što site će imame korist, VMRO-DPMNE čij lider nekolku pati do sega se mačeše da čita na albanski, preku svoite apologeti jazikot go postavi kako najproblematičen za državata, iako negovoto poznavanje nema nikakva vrska so identitetot i državnosta i najmalku može da im našteti.
mile, 21.04.2017 09:56:50
edinstven izlez e mala korekcija na granicata imeno albancite se 16-17% a ziveat na 15% od teritorijas no se mnozinstvo na edvaj 10% sto znaci da se otpise od mkd 10% a restoto albanci sto ke ostanat vo mkd da gi dobijat pravata kako sto gi imat malcinsvtava vo danska,svedska,germanija,anglija,estonija,bugarija,grcija....
patriotka, 21.04.2017 10:23:38
Vi blagodaram G-dine Nikovski za Vasite kolumni,izjavi i debati vo mediumite,so koi dokazuvate deka ste edinstven poranesen diplomat koj e prav patriot.Vie postojano ukazuvate na opasnosta od albanizacijata na Makedonija,no za zal ima predavnici kako Zaev i kompanijata,koi za pusta vlast si ja prodadoa drzavata vo koja se rodile i ziveele nivnite pretci,i besramno cutat za toa sto go dogovorile.No makedonskiot narod nema da im dozvoli na vakvi predavnici da dojdat na vlast i da ni ja unistat drzavata.
СН, 21.04.2017 11:01:08
Македонецот е како КЛЕНОТ.Се ваќа (лови)најдобро на мамец од боболка односно црница.Рибарите тоа многу добро го знаат. Налудничавиот експерт Фрчковски Ве работи сите Вас политичарите вклучително и Црвенковски како бавчи.Тргнете го тоа говедо еднаш за секогаш и ќе видите колку брзо Македонија ќе се извлече од канџите на дрогата.
СН, 21.04.2017 11:02:14
Македонецот е како КЛЕНОТ.Се ваќа (лови)најдобро на мамец од боболка односно црница.Рибарите тоа многу добро го знаат. Налудничавиот експерт Фрчковски Ве работи сите Вас политичарите вклучително и Црвенковски како бавчи.Тргнете го тоа говедо еднаш за секогаш и ќе видите колку брзо Македонија ќе се извлече од канџите на дрогата.
Најнови вести