период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 18.05.2017, 16:25

Меркел со нова закана за Велика БританиЈа

Ако го ограничите слободното влегување во земјата, ќе платите!

Расположена по изборната победа минатиот викенд, Ангела Меркел ~ се закани на Велика Британија за најавите за ограничување на слободното движење на лица од ЕУ на нејзина територија - едно од најспорните делови на преговорите за брегзит.

Германската канцеларка предупреди на последиците од ограничувањето на миграцијата во рамките на Обединетото Kралство, и покрај тоа што ова прашање беше едно од основните мотивирачки фактори за оние кои гласаа Велика Британија да ја напушти Европската Унија во јуни 2016 година.

Според Ројтерс, Меркел најави дека Британија ќе мора да плати цена ако стави ограничување на слободното движење на граѓаните на Европската Унија во Велика Британија.

-Доколку британската влада го укине слободното движење на луѓе (од ЕУ), тоа ќе има своја цена - рече таа на еден синдикален настан во Берлин.

Меркел смета дека е неприфатливо Британија да постави горна граница за прием на 100.000 до 200.000 граѓани од ЕУ.

-Тоа нема да функционира - рече канцеларката, а пренесува „Брејтбарт“.

Меркел рече дека во едно такво сценарио, останатите 27 земји членки на ЕУ ќе треба да размислуваат какви дополнителни пречки да постават за да го компензираат тоа. Таа објасни дека постојано размислува за идните односи со оние 48 или 49 отсто Британци, кои не го поддржаа референдумот за брегзит. Меркел уште еднаш рече дека процесот на напуштање на Велика Британија на ЕУ ќе биде многу, многу комплициран.

Во последните неколку недели, претставници на ЕУ сугерираа дека Британија ќе треба да плати сметка од 100 милијарди евра за да ја напушти Европската Унија, нешто што предизвика гнев, особено кај поранешниот лидер на антиевропската УKИП партија и европратеник, Најџел Фараж.

- Или ќе добиеме некои зрели, разумни барања од Европската Унија или Обединетото Kралство ќе биде принудено да замине (од ЕУ) до крајот на оваа година - изјави Фараж додавајќи дека тие не можат да потрошат две години на оваа фарса.

#



Останати вести
Трамп ќе ги повлече САД од НАТО ако сојузниците не ги зголемат придонесите
Муслимански свештеник предизвика бурни реакции во исламскиот свет
Пред очите на KФОР никнува исламистички терористички центар на Балканот
Трамп е убеден дека специјалниот советник нема да најде ништо во истрагата за врските со Русија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести