период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 18.05.2017, 16:24

Муслимански свештеник предизвика бурни реакции во исламскиот свет

Муслиманскиот проповедник Мостафа Рашед, кој се смета за врховен авторитет на исламот во Австралија, предизвика бура од критики кога на една телевизија изјави дека исламскиот пророк Мухамед бил христијанин до својата 40-годишна возраст.

Тој понатаму рече дека Мухамед бил помошник на некој христијански проповедник по име Варака бин Нофал.

Рашед во емисија на телевизиската станица Ел-те-це тврди дека првата сопруга на Мухамед, Kадија, исто така била христијанка. Рашед изјави дека според негови сознанија, Мухамед бил во брак со Kадија пред своето божествено откровение и дека неговиот брак со христијанка е уште еден доказ плус дека тој и самиот бил христијанин, пренесува „Брејбат“.

Во истата емисија гостин беше професор од Универзитетот „Ал-Азхар“, кој се спротивстави на теоријата на Рашед. Според професорот Шеик Мухамед Хамуд, Мухамед не бил христијанин и не е познато дали тој навистина бил во пријателска врска со споменатиот Бин Нофал.

Тврдењата на Рашед предизвикаа бура на социјалните мрежи, а Захим Алшамри, корисник на „Твитер“ од Саудиска Арабија, напиша дека ова ги премина границите на лудилото. Тој (Рашед) мора да зема некакви сериозни лекови. Нека Алах те избрише тебе и твојот ум“.

Извесен Суад, пак, напиша дека доколку некој тврди дека овој (Рашед) е шиитски свештеник, тогаш мора да каже и дека тој не зборувал, туку лаел, што може да предизвика голема главоболка“.

#



Останати вести
Трамп ќе ги повлече САД од НАТО ако сојузниците не ги зголемат придонесите
Ако го ограничите слободното влегување во земјата, ќе платите!
Пред очите на KФОР никнува исламистички терористички центар на Балканот
Трамп е убеден дека специјалниот советник нема да најде ништо во истрагата за врските со Русија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести