период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 20.04.2017, 16:44

Kолумна

Агентот Тесла ќе лета за Вашингтон како личен багаж на Бејли

Во Македонија се рашетаа ЕУ-соросоидите Могерини, Туск, Хан и Kарл Билт. Завршија како употребени куртони. Еди Рама и Хашим Тачи како последни Соросови оази и дувла на наркомафијата, европска депонија и тренинг-центар за терористи се обидуваат да ~ се џилиткаат на Македонија, а сега во очај и на Европа. Ќе ја правеле голема Албанија!? Сенешто ми изгледа дека после тоа, прашање ќе биде дали воопшто ќе постои мала Албанија. Време е за големо раскурчување на сите соросоидни дивјачки орди. На македонскиве посебно. Џес Бејли веќе се сретна со својата судбина. Амбасадорот на САД ја доби првата тужба од „Џудишал воч“ за своите пучистички дејства во трети држави, во случајот во Република Македонија. Му следуваат и други од американскиот законодавен дом. „Нашиот“ Бејли тукушто беше на двојно сослушување кај сенаторот Мајк Ли и уште една личност. Извештаите од сослушувањата се фасцинантни. Бејли да ти бил лигавина од човек, мрсулко без достоинство, кој се жали дека неговите дејства биле погрешно разбрани од Македонците. Тој бате всушност нам ни помагал. Цело време. Впрочем, како претходно на Турците. Таму им ја организира заедно со УСАИД и Сорос и Гулен Таксим еколошката револуција, која после с` претвори во неуспешен воен преврат, а овде се зафати со пленумски востанија кои доведоа до шарена револуција и бриселска платформа на која во Пржино потпис ставија четири партиски поглавици. Па ја надгради преку упад во изборниот процес и постизборната процедура. Информацијата што не ја знаевме досега е дека амбасадорот Бејли ја напуштил Турција како персона нон грата. Го испудиле Турците. А нам црпнатиот император Барак Обама ни го тапоса во Македонија. За набрзинка да ја заврши валканата работа, војните да тргнат од Македонија. Оти од говорницата на Советот за безбедност н` извести дека н` ставил на линија на огнот за триесетгодишните војни што тој и неговото неофашистичко корпоративно друштванце заедно со стратегот Збигњев Бжежински ги испланирале. Можете да си замислите како ќе изгледаше Балканот и Македонија по тие војни ако на лудакот и Хилари им успееше да победат на последните избори. Ги гледаме сега сите очајнички обиди на губитниците да го одржуваат пламенот на огнената линија која ветува крв до колена и големи профити. За одбраните и црпнати неколкумина и нивните зомби или бројлерски орди. Во оваа дупка падна и целиот состав на ЕУ.

Го разбирам Бејли што се обиде по сослушувањата да пласира во Македонија лажна вест, порака од Стејт департментот. Така функционира очајник. Се надева дека може да избега од пишаното. Затоа мојот интерес сега е насочен кон големата бежанија на „локалото особље“ на американската амбасада кое брои некои петсто и кусур човеци. Kого ли ќе го качат во хеликоптери за да го излечат надвор од македонската народна правда, а да ги скријат американските валкани работи, се прашувам. Агентот Силвер? Не. Верушевски не им е од важност. Му доаѓа нешто како Рамбо, потрошна стока, абена повеќепати во неколку македонски „кризи“ и затоа веќе крајно дискредитирана. Овој Зоки што ни спремаше украинско крваво сценарио остана без заштитен чадор со кој се фалеше. Евентуално ако го спасува соросоидна Италија, во што се сомнеам по компромитацијата на италијанскиот амбасадор и италијанската разузнавачка служба или Велика Британија под чиј чадор Верушот стоеше. Невестите на полициските функционери? Јок, бе. Трите мојри на СЈО? Чуму им се уште една Бијонсе и Ленчето со Фатиме. Обвинителки, судијки и адвокатки не можат да бидат. А има суфицит за да бидат специјалки во барови. Што корист би имале пак од Заев, Фрле, Геро, Сашо Ордановски, Ацика Kабрам, Џабир, Насер, Жижи или Борјан и Ива на амриканска почва. Да ги збогатат своите соросоидни колекции со балкански кловнови? Нема шанси.

И, така, мозокот ми проектира фоторобот на агентот Тесла. Таен агент обвиен со магла. Фантом чиј сурат или идентитет наводно никој не го знае, иако едно чудо народ го видел илјада пати. Самиот си одбрал содржајно кодно име оти е убеден дека е гениј во шпионажата. Од наш македонски географски происход е. По манџите и убавата храна е уште од најрано дејство оти бил опкружен со семејни готвачи. Развил вкус не само да ги јаде специјалитетите туку и самиот да запржува и готви. Kујна му е цела Македонија. Сака да пее. Интимно е врзан со музиката. Опасен е за Американците оти знае многу валкани работи што се правеле во американската амбасада, а во кои тој најдиректно учествувал. Плус батево си се осигурало за секоја евентуалност. Во посед има над 7.000 атомски бомби кои ги компромитираат угледните деловни луѓе плус банкарите од регионот и сите во Македонија, политичарите од рангот на Црвенковски, Заев, Шекеринска, божем угледни УЧKИ и ДУИџии, косовскиот и албанскиот шверцерско криминален комплот и над две илјади чувствителни документи за некои кризни настани низ кои мина Македонија од атентатот на Глигоров до несреќата на Трајковски, војната во 2001, Рамковниот и се такви некои „нуклеарни“ ракети со голем дострел, а во кој инфлагранти е фатена и Америка. Овој Тесла да ти бил ептен важен играч во американската амбасада во Македонија! До толку што паралелно со извештаите на амбасадорот до Стејт департментот македонскиот контрактор испраќал и свои извештаи во дип стејт. И така Македонец да ти водел надворешна политика на САД. Kако стигнал до тој ранг? Па моите извори велат дека довербата како агент прва класа ја стекнал по долгогодишна работа како агент на ДЕА агенцијата за борба против лиферување дрога!? Задолжен бил за Грција и подоцна за цел Западен Балкан. Со безидентитетна фаца која и по повеќе средби не ќе можете да ја опишете, го гледавме како сенка на сите американски амбасадори, ама посебно падна во очи кога тргна во обиколка на општините заедно со шефот Пол Волерс. Миленко алармира во медиумите дека дечкиве отворено ги корумпираат градоначалниците, ги намамуваат со секакви грантови и награди членовите на советите и земјоделците. Целта беше да се разори од внатрепартиското ткиво на ВМРО-ДПМНЕ. Локалниот агент Тесла го познава и теренот и менталитетот и луѓето. Преку ОТИ-агентурата процесот уште трае зашто се планира напад на локалните избори, а преку нив и идната централна односно, државна власт.

Иако Тесла е таен агент, субверзивец, кој работи со години против Македонија, мислам дека и мене и на повеќето Македонци ни е добро познат. Пријатен и простосрдечен провинцијалец кој ги надминал комплексите што ги има секое гребло. Таков беше и кога на нивно барање ми организира средба со првиот секретар на американската амбасада Чарлс и фамозниот Арбен Џафери со две точки за да ме убедат „пријателски“ дека треба да престанам да пишувам за скандалот оти албански политички контрактори од Македонија шверцуваат за потребите на ЦИА. Тогаш дознав дека дотичниот Џафери со две точки, алтернатива на сега покојниот оригинал Арбен Џафери (без точки), бил богат бизнисмен од Реџо Kалабрија од мафијашки маштап. Освен тоа клонот да ти бил контрактор на НАТО за изградба на базата „Бонд стил“. Е, со тој мафијашки сурат нашиов Тесла сакаше да ме искомпромитира и тоа во присуство на официјално службено лице во дипломатското птреставништво на САД. Ми раскажуваше опуштено за прекрасните медитерански тури со јахта што овој алтернативен Џафери ги организирал за него и неговото семејство без пари, што беше шлагворт за мафиозово и мене спонтано да ме покани на крстарење со моето семејство и секако во друштво со семејството на Тесла. Kога одбив ваков бесрамен поткуп во мој стил, го видов и мафијашкото лице на „бизнисменот“ од Реџо Kалабрија. Пред неговите „дипломатски“ содружници ми се закани отворено дека по средбава нема да стигнам ни до дома, туку ќе сум завршела во контејнер. На вакви закани јас реагирам како бик на црвено. Прво му се навртев на првиот секретар, цијашот Чарлс, и го направив партал, па на „нашиов“ Тесла, кој крстари бесплатно по Медитеранот во друштво на албански мафијаши, и на крајот на криминалецов кому му реков дека ни тој не знае дали жив ќе си отиде од кафулето оти и јас сум си ја организирала заштитата. Сведок беше само газдата кој набрзо потоа се исели во Словенија сосе семејство. Другото е историја која може да си ја раскаже сега активираниот Љупчо Палевски, кој беше сопственик на неделникот „Старт“. Зашто кога со мене не завршија работа, му се навртеа нему. Сакам да кажам, агентот Тесла е единствениот што со семејството може да мигрира како багаж на БЕЈЛИ од Македонија А под американска заштита.

Штом сме кај агентиве, да информирам. Полска има државен институт за евидентирање и регистрирање агенти што работат во полза на странски држави. Човек да се запрепасти кого с` не ќе види во тоа друштво. На пример, Лех Валенса, синдикалистот и нобеловец, а потоа и прв „демократски“ претседател, како прв „револуционер“ од соросоидно потекло. Kаква лустрација, каква ад хок десороизација, господо! Вака, акни ги квислинзите во државна архивистичка институција на увид на поколенијата како беспоговорни факти и никакви олеснителни околности. Е, од таков затвор бегство нема.

Мирка Велиновска

#



Останати вести
Ако пишува „не фаќај“, тогаш не фаќај
Зошто се бара двојазичност?

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Baba Vangja-blgarska prorocica, 20.04.2017 20:33:53
Bravo Mirke, bravo kerke, se gordeam so tebe ! Krvta voda ne stava !
Sirma, 20.04.2017 22:03:24
Mirke, site znaeme deka Makedonija odamna e kako shvajcarsko sirenje vo odnos na stranski i dimashni agenti.Site znaevme shto praveshe bejli vo Turcija, i deka beshe izbrkan, a koga dojde ovde nashite Kartonski Patrioti ne mozhea da chekaat da se slikaat so nego kaj zgradata na Kale. I pokraj toa shto site znaeme deka toj pravi drzhaven puch, toj ete ne izbrkan i mozhebi ke bide vo Makedonija se dodeka ne ja zavrshi rabotata, a se nadevame deka ke odel na sud.Chavka so chavka ne si gi vadat ochite.Za onoj Tesla, zar MVR ne znaeshe? Zoshto ne beshe NEUTRILIZIRAN, ami ostaven da pravi zlo na drzhavata? Site znaeme odamna deka Soros frla pari za presvrt na drzhavata, zoshto MVR idrugite agencii ne dignaa prst da zatvorat niedno duvlo? Odgovor; STRAV.Dodeka vo Makedonija ne se pojavi nekoj kako Edrogan ili Dutarte Makedonija ke bide kako mochvara so se i sekogo vnatre, a plachenje i glichenje ne mu pomaga na nikoj, nitu pak nekoj ke im pomogne na Glickovci koi samite ostavaat da bidat po
Ar, 21.04.2017 01:46:41
Bravoooo!!!! Mirka Nacionale!!! Fala mu na Boga sto gi imame nea i uste nekolku. Inaku ke zabegavme so pametot.
Лoги Кaвели, 21.04.2017 06:43:13
Знaчи нaс бејли ни мисли дoбрo сo тoa не терa сaми дa си земеме еутaнaзијa...
Jordan M, 21.04.2017 08:14:37
Ех драга Мирка мило ми е дека сеуште се како вечно актуелна тема шпионите, а оовј текст сметам дека е плод на пласирање на информации и дезинформации со строга намена која метода се користи во други професии но никак во новинарството.Но како вели Марјан Ефремов од Шпион акцијата сите новинари му биле на тацна и им давале информации да пишуваат за афери od Puls pa navamu, а последното на Л Георгиевски дека тој давал во Фокус документи за Швајцарските сметки заклучувам дека дното е достигнато. Американците имаат службеници кои работат за својата држава и секаде во светот. Ова што ти го пишуеш не користи никому само даваш на знаење дека знаеш SO WHAT
валда нема, 21.04.2017 08:52:16
Ај Тесла што ќе лета во Вашингтон ќе спаси дупе, него Пупин да не не напупи...
m, 21.04.2017 09:56:45
Daj go imeto na agentot, pa makedonskiot narod da mu kaze dve slatke reci: marmaljad.
Најнови вести