период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Култура
Датум: 10.01.2017, 16:53

Заврши обновата на црквата „Св. Пророк Илија“ во Дојран

Целосно е обновена и конзервирана црквата „Св. Пророк Илија“ од 19 век во Дојран, уништена во Првата светска војна, соопшти вчера Министерството за култура. Обновата ја изведе Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Струмица, со поддршка од 4 милиони денари од Министерството за култура.

- Проектот за заштита на овој значаен споменик на културата се реализира во шест фази и тоа најпрвин беше направена конзервација на оригинално зачуваните делови од подната покривка на црквата и реставрација на партиите што недостигаат, по што беше целосно оформен подот на црквата. На овие конзерваторско-реставраторски активности претходеше археолошко истражување на просторот под подното ниво, со што беа откриени постари сакрални градежни структури. Третата фаза подразбираше конзервација и реставрација на источната фасада од црквата, а се одвиваа реставраторско-санациски работи на внатрешните ѕидови на објектот, оформување на отворите за прозорци и врати, како и финални работи на подот и на скалишниот простор од нартексот. Во 2015 година беше извршено малтерисување на внатрешноста на црквата, а кон крајот на минатата година беа реализирани и завршните фази од овој проект – соопшти Министерството.

Црквата е изградена во 1848 година година, со доброволни прилози од дојранските верници. Главен архитект бил Ѓорѓе Новаков од велешкото село Папрадиште, а била разурната и ставена надвор од употреба во текот на Првата светска војна. Црквата „Св. Илија“, со својата должина од 30 метри, широчина од 20 метри и висина од 10 метри, претставува значаен и вреден архитектонски пример, кој има извонредна акустичност во својата внатрешност.

#



Останати вести
Тројца македонски автори во антологија на европски расказ
„Македонија – живот и предели“ - книга на германските истражувачи од Првата светска војна

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести