период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 16.02.2017, 16:59

РАЗУЗНАВАЧИТЕ ПРЕД НОВ БЕЗБЕДНОСЕН РИЗИK

Во Холандија може да се вратат најмалку 80 деца-џихадисти

Шефот на одделот за контратероризам во Холандија, Дик Шооф, предупредува дека децата на радикализираните холандски џихадисти претставуваат сериозна закана за националната безбедност, пренесува „Брејтбарт“. Разузнавачките служби следат повеќе од 80 деца на холандски џихадисти кои во моментов растат на територијата под Исламска држава и кои најверојатно ќе се вратат во Холандија. Околу половина од тие деца се родени во странство, но сепак с` уште се холандските државјани.Kоментарите на Шооф му претходеа на објавувањето на холандскиот разузнавачки извештај во средата од Службата за разузнавање и безбедност (АИВД). Извештајот се фокусира на враќање на џихадистите од териториите под контрола на ИД. АИВД ги следи децата на возраст и од девет години, рече Шооф, бидејќи тоа е возраста на која милитантите на ИД почнуваат да ги обучуваат за употреба на оружје и за правење експлозиви. Децата на оваа возраст – и момчињата и девојчињата - се користени од страна на џихадистите да вршат терористички напади во Ирак и во Сирија.

Според Шооф, овие деца најверојатно ќе останат силно трауматизирани и условени од своето искуство со ИД и претставуваат идна опасност за Холандија.

Од 2011 година, најмалку 280 холандските граѓани отпатувале во Ирак и Сирија за да ~ се приклучат на Исламска држава. Досега, околу 50 од нив се вратиле во Холандија, а најмалку 45 се убиени. Во АИВД веруваат дека с` повеќе холандски џихадистите ќе се враќаат во Холандија во наредните месеци поради влошувањето на ситуацијата за ИД во Сирија и во Ирак. Холандскиот јавен обвинител би сакал предвреме да ја спречи опасноста со кривично гонење на холандските џихадисти додека тие с` уште се во Сирија и во Ирак, и пред нивното враќање во Холандија, изјави националниот координативен обвинител Фери ван Вегел.

- Со оглед на високиот ризик од луѓето кои се враќаат од оваа област, ние не сакаме да чекаме тие да се вратат за да отвориме кривични истраги. Сакаме процесот да почне сега и да продолжи во нивно отсуство - рече тој.

Обвинителот во март ќе ја спроведе првата расправа против 12 холандски џихадисти кои се борат во Сирија, како дел од напорите да се донесат што е можно повеќе холандски џихадисти пред лицето на правдата. Во меѓувреме, шефот на АИВД, Роб Бертхоле, рече дека полицискиот надзор, судските претставници и локалните совети мора да утврдат каде лежи најсериозната опасност бидејќи тоа е невозможно постојано да се држат на око толку многу луѓе.

- Kлучно е да се направи внимателна анализа на ризик за секој човек. Непотребно е и невозможно да ги следиме сите деноноќно - рече тој.

Во извештајот на АИВД се наведува дека осум безбедносни претставници се посветени со полно работно време на следење на холандските џихадисти.

#



Останати вести
Данците не смеат да станат малцинство во Данска
Протестите за силуваното момче се преселија во центарот на Париз
Флин е жртва на смислено политичко убиство на разузнавачите

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести