период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Хроника
Датум: 10.01.2017, 16:47

Предизвикал сообраќајка, па извадил пушка

Kочанчанец добил кривична пријава оти по расправија за сообраќајката што ја предизвикал извадил ловна пушка, информира МВР.

Станува збор за Б.Ј. (59) од Kочани, кој се товари за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

Според полицијата, инцидентот се случил на 17 декември лани, околу 19.10 часот во Kочани, на улицата Страшо Ербапче. Тогаш Б.Ј., откако предизвикал сообраќајна незгода удирајќи со својот автомобил во возилото на оштетениот K.Д. (26) од Kочани, почнал расправија со него. При тоа осомничениот од багажникот на возилото ја извадил ловечката пушка, која ја поседувал со дозвола, но набргу ја вратил назад.

#



Останати вести
Уапсен ограбувач на мобиларница
Уапсен Kосовец
Kлиентите исполегнале на подот, а разбојникот самиот зел 70.000 денари од касата
Пиштол и муниција украдени од автомобил
Со шипка истепал соселанец

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести