период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Култура
Датум: 23.03.2016, 16:04

ПРВА СОРАБОТKА СО ВЕНЕЦИСKОТО БИЕНАЛЕ

Битолското графичко триенале в година во Мексико ќе ја претставува цела Источна Европа

Битолското графичко триенале воспостави соработка со светски познатото Венециско биенале, која се оценува како најважна во регионот, преку која в година македонската манифестација на една од најзначајните светски манифестации за графички дела во Мексико ќе биде главен претставник за Балканот и источноевропските држави.

- Ова е ретка антологиска состојба на графичкото творештво на ниво на Италија и Битола. Ова е една од најзначајните графички соработки на балканско ниво. Во овој момент на интернет-страницата на Венециското биенале оди посебна страница за триеналето во Битола, која го презентира Заводот и музеј во Битола и го презентира нашиот град во најафирмативна светлина, како што досега на културен план ретко се случувало - изјави Владо Ѓоревски, раководител на Графичкото триенале во Битола.

Македонско-италијанска изложба во Битола

Врвни уметнички дела на македонски и италијански графичари се изложени во битолскиот Завод и музеј. Ова е прва соработка на Битолското графичко триенале со светски познатото Венециско биенале од Италија. Kако резултат на оваа значајна уметничка соработка во битолскиот Завод и музеј е отворена изложбата „Огледало - лице в лице“, на која се претставени стотина графики на 40 автори од Италија и 30 од Македонија. Со ова првпат графичка културна манифестација од земјава соработува со познатото биенале во Италија.

- Иницијатор е Валерија Бертесина, професор на Академијата во Венеција и Винченца, позната по тоа што работи со многу групи во северна Италија со рачна изработка на книги, кои се во мал тираж и цел им поезијата, речта, чувствата на луѓето да ги презентираат како некоја потреба, која е с` поприсутна кај луѓето. Бертесина ни испрати две книги во мал тираж, кои се многу скапоцена работа - изјави Ѓоревски.

Според Ѓоревски, со оваа изложба битолското графичко триенале, кое опстојува дваесетина години и има одржано осум изданија успеа да стигне до Венециското биенале.

Со воспоставената соработка со Венеција сега му се отвораат врати за големи меѓународни проекти. За неколку месеци треба да подготват сериозна изложба во Фиренца, во која ќе бидат опфатени автори од Балканот и пошироко, потоа ќе работат на „Трибуна график“ од Романија.

Следуваат изложби во Италија

Во Битола се изложени дела на едни од најважните италијански уметници што се занимаваат со графика, како Тони Пекараро и други. Од наша страна се собрани најдобрите графички остварувања на уметници што творат во Македонија, но и на Македонци што денес работат во странство, како на пример во САД, Австралија, Словенија и во други држави. Изложбата од Битола ќе биде поставена во Винченца, центарот на графиката во Италија, па во Венеција и Тревизо.

- Графиката е многу важна во овој момент зашто н` оддалечува од виртуелната стварност, од електрониката, се работи на еден класичен начин, од Гутенберг наваму непроменет. Насловот на изложбата е „Огледало - лице в лице“ за да се погледнеме в лице, в очи да бидеме искрени во комуникациите, а не преку посредници од типот на електроника, корпорациски состојби, кои на некој начин ни го испраа умот - вели Ѓоревски.

Жанета Здравковска

#



Останати вести
„Пејзажи на душата“ од Хаџи-Николов во Истанбул
Нова книга поезија од Георги Барбаровски
Серија изложби на Kрунислав Стојановски
Наместо пет, откупени три драмски текста

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести