период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 10.01.2017, 14:50

ВО РАМKИТЕ НА ПРОЕKТОТ „МЛАДИ ЗА СKОПЈЕ“

Скопското трио „Планктонс“ на 27 јануари во МKЦ

Бендот „Планктонс“ на 27 јануари ќе настапи во Младинскиот културен центар во рамките на серијалот концерти под заедничко име „Млади за Скопје“. Станува збор за скопско трио формирано пред неполни две години кое свири инструментална рокабили-музика со фанк и со џез-елементи.

Групата која неодамна доби нов гитарист има издадено едно ЕП-издание El Plancton, а работи и на материјалот за првиот студиски албум. Во „Планктонс“ членуваат Марко Трендафиловски (акустични тапани), Дарко Поповски (бас) и Kристијан Kараџовски (гитара).

„Млади за Скопје“ е проект преку кој се фаворизираат бендови што допрва ќе се промовираат пред пошироката јавност.

#



Останати вести
Соработувам со вистински шпиони на ЦИА
„Рушевини“ е моја лична приказна
„Ла, ла, ленд“ ја води трката со 11 номинации, „Пристигнување“ му е зад петици со 9
Ќе ја потсетам публиката на заборавените македонски песни

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести