период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 15.01.2017, 15:08

РАKОМЕТ – СВЕТСKО ПРВЕНСТВО ВО ФРАНЦИЈА (11 - 29 ЈАНУАРИ)

Стоилов: Не е важно како, туку да ја победиме и Словенија

Македонија го оствари посакуваниот старт со две победи на 25. светско ракометно првенство за мажи, кое од 11 до 29 јануари се одржува во Франција. Во групата Б, македонската репрезентација ја оправда фаворитската улога на стартот против африканските претставници Тунис ( 34-30) и Ангола (31-22) и е на вистинскиот пат да биде една од четирите селекции по групната фаза што ќе продолжат во осмина-финалето. Освен Македонија, и денешниот противник Словенија и Шпанија имаат по две победи во првите две кола, а Исланд, Тунис и Ангола се без бодови по два одиграни меча во групата на мундијалот.

Рекомпонираниот македонски состав, предводен од искусниот трофеен хрватски стратег од клупата, Лино Червар, и од рекордерот според постигнатите голови на мундијалите, искусниот 36-годишен Kирил Лазаров, кој и на овој турнир е водечки на листата по две одиграни кола, со 22 постигнати гола, осцилира во играта, но успешно ги приведува мечевите до посакуваната завршница. Вистинскиот предизвик „црвено-жолтите“ го имаат попладнево (17.45 ч.) против Словенија, која ќе ја предводи Црногорецот Веселин Вујовиќ.

- Не почнавме против Ангола на посакуваното ниво. Имавме солидна предност, но ја испуштивме. За среќа, успеавме да се вратиме во игра и да победиме. Продолжуваме чекор по чекор. Не е важно како победуваме, туку е значајно да ја победиме и Словенија - порача Стојанче Стоилов пред новиот предизвик.

И селекторот Червар има забелешки за осцилациите во играта, но е задоволен од крајниот резултат. Македонија отпатува во Франција да ја мине групнатa фаза, а потоа секој исчекор понатаму ќе биде успех. Избраниците на Червар се на пат да го остварат тоа. На дуелите со фаворизираните ривали Словенија, Шпанија и Исланд, можно е да влезат без психолошки императив да се победува, па растоварени од тој притисок можат да приредат уште некое задоволство за македонските навивачи во Франција, кои ги бодрат од трибините, но и за домашните кои преку ТВ-екраните будно ги следат сите случувања во Мец.

- Задоволен сум од втората победа, но не и од играта. Не бевме доволно сконцентрирани против Ангола. Пристапот ни беше погрешен, играчите како прерано да почнаа да размислуваат на Словенија и тоа придонесе да направиме неколку почетнички технички грешки. Навреме се разбудивме и победивме. Сепак и ракометарите можат некогаш да згрешат, најважно е да се извлечат поуки од грешките – вели Червар.

Kолку Червар и неговите избраници ќе извлечат поуки, ќе треба да покажат во дуелите со фаворитите, а прв е денешниот, со Словенија.

- Противникот е фаворит. Тоа е реалноста, но едно е сигурно, ние нема да се предадеме. Словенија е репрезентација што игра одличен ракомет, а пред овој меч имаше тежок натпревар со Исланд, од кој излезе како победник. Тие сигурно ќе сакаат да ја продолжат победничката серија, нам ни останува да бидеме мудри, да го наметнеме сопственото темпо на игра и да се обидеме да стигнеме до нова победа – вели македонскиот селектор.

Македонија ~ ја препушта фаворитската улога на Словенија, но нема да излезе на паркетот со бело знаме. Оваа пресметка дополнително ги мотивира селекторот Червар и неговите избраници бидејќи против себе ќе го имаат Вујовиќ, екстренерот на Вардар, со кого добро се познаваат и немаат што да сочуваат како адут за дуелот во Мец.

- Би бил смешен тренер ако не го почитувам Веселин Вујовиќ, човекот што го одбележал овој спорт и како играч и како тренер. Реалноста е таа. Со неговото доаѓање Словенија игра многу подобро. Мечот ќе биде интересен и неизвесен. Словенците се фаворити. Ако ние одиграме онака како што знаеме и умееме, зошто ние да не се радуваме на крајот – вели Червар.

#



Останати вести
Вардар загуби од Будуќност на стартот од регионалната женска лига
Kарпош и МЗТ со победи се загреваа за меѓусебната пресметка во АБА-лигата
Ѓоковиќ: Во Мелбурн ќе играм за титулата

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Лoги Кaвели, 16.01.2017 07:00:34
Све штo требa е дa немaaт пoлукoнтри слoвенците, a aкo ги имaaт нa 9 метри дa бидaт зaпрени...буквaлнo сo мек фaул зa дa немa прoтoк нa тoпкa. И, мнoгу пoбитнo, никaкo рaзигривaње пред нaш гoл или џa им се дaде шут oд 6-7 метри...никaкo, тие и Ислaнд тaкa игрaaт, тoa дa им се зaпре , и дa се oстaвaт сaмo oд 9 метри дa шутирaaт. Иииии, никaкo сo 7 игрaчи прoтив нив... Ете кaкo дo пoбедa...СO СРЕЌА МOМЦИ!
ANTITI1955, 16.01.2017 09:54:35
SO SLOVENCITE CE BIDE TESKO I ZESKO NO CE GI POBEDIME.SAKAM GOLEMA BORBENOST DA VIDAM A DRUGOTO E POLESNO.SO GOSPOD NA POMOS I POBEDATA E TUKA.
Ive, 16.01.2017 11:37:26
Koj oscilira be prv vo svetot e covekot, samo KIRE LAZAROV a ne igracite od vestacki ekipi kako vardar
Најнови вести