период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 10.01.2017, 17:43

ДОKУМЕНТОТ БИЛ МАСKА

ДПА против албанската платформа

Партијата на лидерот во оставка Мендух Тачи конечно се изјасни дека не ја поддржува албанската платформа зад која застанаа ДУИ, Беса и „Алијансата за Албанците“ и со тоа за ДПА овој документ нема никаква важност, ниту е услов за евентуални преговори за новата влада.

Ставот на Управниот одбор на партијата е дека во платформата не се содржани основните барања на Албанците и дека таа е маска преку која лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како најголем губитник на изборите, со помош на Беса и „Алијансата за Албанците“, да се врати како победник.

- Документот не ги содржи основните барања на Албанците во Македонија. Слободат, еднаквост и правда за Албанците може да се добијат само со промена на правниот и уставниот статус на Албанците во Македонија, со дводомен парламент, со консензуално одлучување меѓу Македонците и Албанците и што е најважно со фер и правична распределба на буџетот. Иднината на земјата не може да се гради со нефункционален Устав и мртов Рамковен договор - велат од ДПА.

Според партијата, албанската платформа е нефункционална бидејќи нема ниедно барање и конкретен план со рокови. ДПА смета дека потписничките на платформата немаат план како албанскиот јазик да биде еднаков со македонскиот. Партијата нема очекувања дека ќе има промени кога станува збор и за економската еднаквост бидејќи и досега од ДУИ тврделе дека буџетите се распределувале на правичен начин.

- Платформата си поигрува со чувствата на Албанците за монтираните судски случаи од страна на државата. Нема рокови кога невино осудените Албанци ќе излезат од затвор, не се предвидува да се донесе закон за амнестија. Нема рокови ни за промена на државните симболи. Ова значи дека ќе има само јавна дебата без гаранции дека ќе се сменат грбот, знамето и химната. Пописот како едно од суштински најважните прашања не е дел од платформата, нема збор ниту за нова територијална поделба, како и за вистинка децентрализација на власта и финансирањето - забележуваат од ДПА.

Партијата е против платформата бидејќи, како што велат нема рокови за промена на името на Македонија.

Според ДПА, некои барања од албанската платформата се дури и навредливи за Албанците, како тоа за новото министерство за политички систем, бидејќи со тоа Албанците се изедначуваат како малцинство со Ромите, Турците... Од ДПА велат дека Албанците се нација, а не заедница.

ДПА останува на ставот дека најголем губитник на изборите е ДУИ бидејќи изгубиле половина од електоратот. Според ДПА, обединувањето на ДУИ, Беса и „Алијансата“ зад албанската платформа е за да ја избегнат одговорноста за поразот на партиите на Албанците на изборите и обид за измама и елиминација на албанската опозиција во Македонија.

- Преку платформата Беса и „Алијансата за Албанците“ му овозможија на најголемиот губитник на изборите, Ахмети, да се врати како победник. Ахмети 15 години се повикуваше на Рамковниот договор, следните 15 ќе се повикува на платформата - велат од ДПА.

Мариела Трајковска

#



Останати вести
Kоцијанчич: Новата влада да има широка политичка поддршка
Голема Албанија, голема Србија и голема Хрватска со поделба на Македонија како решение за Балканот
Груевски и Ахмети лично ќе ги водат разговорите

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Разочаран ВМРО-вец, 11.01.2017 09:42:59
А дали Тачи мисли да разговара со Рама за истите права што ги бара тој во МКД да им се дадат на Македонците во Албанија??? И останатите алб.лидери.
Најнови вести