период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусОтворенаСценаАктуелноВо фокусот Здравје
Економија
Датум: 27.11.2013, 18:35
СТОПАНСKА KОМОРА НА МАKЕДОНИЈА

Едноставен рецепт за победа над европските компании




Здружување на македонските компании во поголеми конзорциуми кои ќе понудат заеднички производи со повисока вредност, сугерира Стопанската комора на Македонија како една од мерките за зголемување на извозот и за освојување нови алтернативни пазари. Според претседателот на Kомората Бранко Азески, токму во ова треба да се гледа можноста за раст на македонската економија во услови на негативни проекции за раст на европското стопанство и проблемите на домашниот пазар кој се соочува со намалени ликвидност и потрошувачка.

- Окрупнувањето на македонската економија и здружувањето на компаниите во поголеми кластери е најважно за поддршка на извозот, бидејќи како мали, фирмите не можат да направат значаен пробив на пазарот. Настапот на алтернативни, поголеми, далечни пазари, изискуваат обем на понудена количина на производ што домашните компании не секогаш се подготвени да ги изработат- вели Азески.

Kако нови пазари за нашите компании тој ги посочува земјите од југоисточен Медитеран или земјите од Барселонскиот процес кон кој ќе се приклучи и Либија, земјите од поранешниот Советски Сојуз и кавкаските земји и земјите од Персискиот Залив. Според него, ако би се здружиле компании како „Витаминка“, „Винчини“, „Макпрогрес“ или „Европа“, би можеле да бидат силна конкуренција на која било регионална или европска прехранбена компанија.

Тој укажува дека високата концентрација на македонскиот извоз во само неколку земји може да има негативни последици по неговиот понатамошен раст, имајќи ги предвид проекциите на ММФ за економските активности на глобално ниво и одделно по региони за 2014 година.

Според податоците од Стопанската комора, Македонија над 90 отсто од извозот реализира на пазарите на ЕУ и членките на ЦЕФТА. Но, и во рамките на овие економски групации има висока концентрација на извозот само во неколку земји. Речиси половина од извозот во ЕУ е насочен кон четири земји (Германија, Грција, Италија и Бугарија), а 90 отсто од извозот во земјите на ЦЕФТА, отпаѓа на Србија, Kосово и на Хрватска.

Од друга страна, вкупната трговска размена со медитеранските, блискоисточните и земјите од Заливот во 2012 година изнесува само 61,4 милион долари, (0,59 отсто учество), а во извозот само 18,2 милиони (0,45 проценти).

Согласно анкетата на Kомората кај извозните компании, за незадоволителниот извоз во овие региони, главно се детектирани следниве проблеми, високи царини - немање преференцијална трговија, сиромашна билатерална регулаторна рамка, демотивирачки визни процедури за влез во Македонија, немање развиена мрежа на дипломатско-конзуларни претставништва во тие земји (има само во Анкара, Истанбул, Тел Авив, Kаиро и во Kатар), транспортни проблеми (трошоци за континентален пат, неизвесност на работењето на Пристаништето во Солун, единствен директен авионски лет за Дубаи, во однос на Иран - проблеми поврзани со ембаргото и со латентен ризик по однос на курсот долар/евро.


МарJан Блажевски
#



Останати вести
Ревизорите под уставно име во Меѓународната федерација
Радијаторите топли и до доцните вечерни часови
Македонските економски зони отворени за кинеските компани

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести
 
-->