период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 20.04.2017, 17:52

Од вторник почнуваат уписите во трите градинки во Центар

Почнувајќи од вторник до 1 јуни ќе се врши упис на деца во трите градинки што се наоѓаат на територијата на Општина Центар: „13 Ноември“, „Kочо Рацин“ и „Kорчагин“. Kако што информираат општинските власти, за упис и за згрижување на децата постои огромен интерес во континуитет поради местоположбата и условите што ги даваат овие градинки.

На состанокот со директорите на градинките со градоначалникот Андреј Жерновски е договорено предност за аплицирање да имаат децата чии родители се жители на Центар. Ако во предвидениот рок местата не бидат пополнети, тогаш ќе бидат запишувани деца од другите општини по утврдени критериуми.

По предлог на градоначалникот Жерновски, трета година по ред значително се намалени трошоците на родителите за децата во градинките. Општината наместо родителите организира и ги финансира часовите по физичко воспитување и англиски јазик во сите градинки и ги презема трошоците за набавка на средства за хигиена на децата.

#



Останати вести
Во автобусите на ЈСП лани превезени 45,9 милиони патници
Мултикултурна работилница во ОУ „Војдан Чернодрински“
Одговорни компании и организации засадија 70 дрва во Градскиот парк

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести