период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 10.01.2017, 15:05

ОБВИНЕНИЕ ЗА KРИМИНАЛ

Италија заплени имот вреден 23 милиони евра од поранешни директори на „Монте деи Паши“

Италијанските власти запленија имот вреден 22,6 милиона евра од двајца поранешни извршни директори на банката „Монте деи Паши ди Сиена“, која има сериозни проблеми, информира агенцијата ДПА.

Финансиската полиција заплени 15,6 милиони евра од поранешниот финансиски директор Џанлука Балдасари и 7 милиони евра од неговиот поранешен заменик Алесандро Токафонди, наведува агенцијата.

Според обвинителството во Сиена, парите биле заработени од заобиколување на даночните закони.

Заедно со уште 11 лица, двајцата финансиери се товарат за одговорност за транснационални криминални врски со намера за извршување нови злосторства во форма на тешки измами против банката „Монте деи Паши ди Сиена“, соопшти градскиот обвинител Салваторе Вите.

Се претпоставува дека Балдасари и Токафонди се дел од таканаречената банда на петте проценители, која вклучува поранешни менаџери на финансиската институција и брокери кои планирале измами против банката за сопствена корист.

Банката „Монте деи Паши ди Сиена“, основана во 1472 година, е третата по големина банка во Италија. На крајот на минатата година беше направен неуспешен обид таа да биде спасена преку прибирање средства од инвеститори и владата беше принудена да интервенира, потсетува ДПА.

#



Останати вести
Четири нови електрични локомотиви ќе сообраќаат на македонските пруги
Преку паметен телефон на интернет се поврзуваат 81 отсто од македонските корисници
За пет години во странство префрлени добивки и дивиденди вредни 1,137 милијарда евра
Над една четвртина помалку туристи лани го посетиле Истанбул
„Роснефт“ ќе управува со 12 отсто од германскиот рафинериски бизнис
Тунис итно бара пазари за повеќе од 550.000 тони портокали
Kинеските девизни резерви паднаа на 3,01 билиони долари

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести