период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 19.05.2017, 15:22

СТУДИСKА ПОСЕТА

Германски искуства во енергетската ефикасност пренесени на домашни градежници

Делегацијата на германското стопанство во Македонија во соработка со Министерството за економија и енергетика на Сојузна Република Германија организираше тридневно делегациско патување во Хамбург, на тема „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во објекти“.

Делегацијата ја сочинуваа 15 претставници на компании од градежната индустрија од Македонија, Агенцијата за енергетска енергетика на РМ, МЕПСО и консултанти - експерти во секторот за енергетика од РМ.

- Ова е показател дека во градежниот сектор има голем интерес за стекнување нови сознанија во делот на примената на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност при градењето како деловни така и станбени згради. Целта на ова патување е запознавање со современите технологии кои се користат при изградба на нови објекти, пасивни куќи кои самостојно ги задоволуваат потребите од електрична енергија, а вишокот од производството сопствениците го продаваат на либералниот енергетски пазар - соопшти Марија Радевска од Делегација на германското стопанство во Македонија.

Претставниците беа информирани од Николас Kлостерман од Министерството за животна средина, заштита на природа и градежништво за предностите при користење обновливи извори на енергија во високо комплексни објекти, како и за мерките за поддршка кои ги добиваат од германската влада при изградба и санација на објектите.

Последниот ден делегацијата го посети енергетскиот букер во Вилхемсбург, кој во суштина е бункер изграден во Втората светска војна и активно користен за заштита на 50.000 граѓани на Хамбург. Денес овој бункер е пренаменет и служи како бункер за складирање електрична енергија.

#



Останати вести
Полската државна гасна компанија бара парична казна за „Газпром“
Половина милион бегалци бараат работа во Германија
Kвадратот во стар стан е од 100 до 200 евра поевтин отколку во нова зграда
Просечно домаќинство лани располагало со 6.092 евра, а потрошило 5.421 евро

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
GRAGANIN, 21.05.2017 06:38:00
GERMANIJA E ZEMJA KOJ GI SOBRALA I PLATILA I UMOVITE I RABOTNICITE I SOCIJALCITE,A VO MAKEDONIJA CE JA STAVAT FIRMATA GIGAN GRADEZNO MAVROVO VO STECAJ OD 10-07-2009 GODINA I ATRAKTIVNIOT IMOT CE GO ZEMA BEZ PARI POLITICARITE I NIVNI BLISKI VO KRIMINALOT SO POMOS NA STECAJNA SUDIKA I STECAJNA UPRAVNICKA A RABOTNICI NA ULICA SO NE ISPLATENI PLATI I PRIDONESI I AKCIONERI I SOCIJALNA POMOS NEMA BIDEJCI IMALE KUCA,PA ZAREM KUCA TREBA DA SE PRODADE ZA DA SE PREZIVEE NEKOJA GODINA VO OVAA DRZAVA KADE POLITICARITE SE ALIGARSI A OBICNITE GRAGANI GO DOPREA DNOTO NA SIROMASTIJA.
Најнови вести