период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 16.02.2017, 18:13

На поп во Охридско му го украле пиштолот

Пиштол и поголем број куршуми му биле украдени на попот од манастирот „Свети Врачи“ во охридското село Опеница, информира вчера Министерството за внатрешни работи. Kражбата се случила прексиноќа, а сторителите с` уште не се пронајдени.

Во полициската информација се наведува дека кражбата ја пријавил Д.Ѓ. (48) од с. Лескоец, Охридско, свештеник во манастирот „Св. Врачи“ во с. Опеница, Охридско, и пријавил дека во периодот од 17.30 на 14.2.2017 година до 10 часот на 15. 2.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во конаците на манастирот.

- Сторителот насилно ги отворил влезните врати од три соби од конаците на манастирот и ги пребарувал. Од една од собите одзел црна кожена чанта, во која имало пиштол „црвена застава“, околу 50 куршуми за истиот и дозвола за оружје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот – се наведува во соопштението.

Надлежниот владика за оваа епархија, г. Тимотеј, вчера ни го потврди настанот.

- Точно е дека на нашиот свештеник му е украден пиштолот. Тој го поседувал со дозвола што ја добил уште пред да стане свештеник - ни објасни тој.

Според владиката, не е спорно тоа што свештеник располагал со пиштолот и со муницијата.

- Тоа не е забрането според црковните прописи и не е нешто невообичаено – додаде владиката Тимотеј. (Б.Ѓ.)

#



Останати вести
Блокадата на Евзони трае 17 дена, а ЕУ и натаму будно ја следи
Македонија е единствена на Балканот во економски слободни земји
Пациентите задоволни од инфузијата од 2 милиона евра за новите цитостатици
Заев се откажува од Жерновски, го сака Богдановиќ, Kуновска може да им ги помати сметките на двајцата?

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести