период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 18.05.2017, 16:44

ИМАМЕ KВАЛИТЕТ, НО НЕМАМЕ ГОЛЕМ ПАЗАР

Бугарските хипхоп-ѕвезди се милионери, а ние заработуваме за сметки

Македонија и Бугарија се соседи, народот во двете земји е топол и гостопримлив. Живееме во време во кое луѓето се делат по секаква припадност. Но, љубовта кон музиката е способна да ги уништи сите граници, а тоа ќе го докажеме и ние со проектот One love, односно турнејата што ќе ги спои најголемите хипхоп-артисти од двете земји што ќе настапат во осум града во Македонија и Бугарија.

На овој начин Андреј Арнаудов од продукцијата Mejdinna stancia ја започна прес- конференцијата на која беа соопштени детали за турнејата. На настанот што се одржа во вторникот вечерта, во елитниот хотел „Маринела“ во Софија, присуствуваа над 40 новинари од бугарските медиуми и десетина македонски, кои пристигнаа на иницијатива и во организација на „Иноватива груп“.

Претставници од Македонија на турнејата се Слаткаристика, Тони Зен и Дј Гоце С.А.Ф., а од Бугарија Kриско, Гери-Никол и Апсурт.

Журката започнува на 22 јули во Банско со бесплатен концерт, а продолжува на 26 јули во Охрид, на 27 јули во Струмица, 17 август на Сончев Брег, 18 август во Варна, 6 септември во Пловдив, 30 септември во Скопје. Завршува на 7 октомври во Софија.

Слаткаристика блесна во Бугарија

Хипхоп-музиката во нашата земја не е веќе андерграунд. Таа длабоко навлезе во музичките пори и премина во мејнстрим. Новите генерации с` повеќе се пронаоѓаат во неа, слушаат рап и почнуваа да ја разбираат смислата, која никој не знаеше да ја објасни. Овој вид музика е доста популарен и кај соседите, но разликата меѓу нашите и бугарските изведувачи е во тоа што тие работат на многу поголем пазар. За Тони Зен, еден од учесниците на турнејата, тоа носи големи привилегии и заработувачка.

- Вистинските хипхоп-ѕвезди се милионери, а ние заработуваме за да ги платиме сметките. Бугарија е многу поголем пазар и овој вид музика ужива голема популарност. Повеќе пати сум настапил пред бугарската публика и задоволен сум како таа ме прифати - посочува артистот.

Голем миленик на бугарската публика е Слаткаристика, што е потврда за неговиот квалитет.

- Ги сакаат и ги пеат моите песни. Не постои никаква јазична бариера. Среќен сум што и ние почнавме да блескаме на бугарската хипхоп-сцена - дополнува Слаткаристика.

Најискусниот од нив, кој беше мост на помладите македонски хипхоп-изведувачи, Гоце С.А.Ф. направи паралела на овој вид музика некогаш и денес.

- Бидејќи имам настапи во разни земји, забележувам дека периодов младите многу повеќе се навраќаат на хитовите од 90-тите години - откри тој.

Соработка на најдобрите продукции

Организатори на турнејата One love се и Mejdinna stancia и „Иноватива груп“.

Mejdinna stancia е бугарска компанија основана од Иван Христов и Андреј Арнаудов и е една од највлијателните продукции и компании во Р. Бугарија. Нивни поголеми проекти се: втората и третата сезона на најголемото реално музичко шоу „Идол“, реалното шоу „Фарма“ и многу други.

„Иноватива груп“ е македонска компанија, основана од Сања Николиќ-Маринковиќ, која беше една од водителите во третата сезона на „Идол“. Препознатлива е како една од најдобрите маркетинг-агенции во Македонија.

#



Останати вести
Бијонсе и Џеј Зи - милијардери
Почина Kрис Kорнел, фронтменот на „Саундгарден“ и „Аудиослејв“
Бела Хадид ги покажа гаќичките, Сузан Сарандон плени и на 70 години

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести